Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Да се искористат деновите без врнежи за финализирање на сеидбата и за превентивна есенска заштита, апелираат агрометеоролозите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Да се искористат деновите без врнежи за финализирање на сеидбата и за превентивна есенска заштита, апелираат агрометеоролозите
Агровести

Да се искористат деновите без врнежи за финализирање на сеидбата и за превентивна есенска заштита, апелираат агрометеоролозите

Објавено 26/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците максимално да ги искористат деновите без врнежи за финализирање на сеидбата и засадувањето на отворено. Успешното презимување на културите директно ќе зависи од паметното менаџирање со преостанатата топлина и влага во почвата, велат агрометеоролозите од УХМР.

Воедно предупредуваат дека во овој период, примарниот фокус треба да биде ставен на превентивна есенска заштита – дезинфекција за намалување на инфективниот потенцијал, зашто, како што објаснуваат, поради високата релативна влажност на воздухот се создаваат услови за развој и презимување на фитопатогени организми. 

-Крајот на октомври носи големи промени во земјоделството. Ова е клучен преоден период во кој се финализираат есенските активности и се реализира сеидбениот план за некои озимни култури, за успешно да се адаптираат пред зимските ниски температури. Успешното презимување директно ќе зависи од правилно соодветните сеидбени норми и паметното искористување на преостанатата топлина и влага во почвата. Сеидбата кај јачменот, ‘ржта и пченицата е при крај, со цел наведените култури да формираат стабилен и моќен коренов систем пред појавата на првите силни мразови. Во градинарството се садат култури кои се отпорни на студ. Се расадува есенска зелена салата (во фаза од 3–4 листа) и директно се сеат спанаќ, рукола. При крајот на месецот се сеат морков, магдонос, нагласуваат агрометеоролозите.

Во овоштарството, додаваат, овој период нуди идеални агроеколошки услови (одлична температура и влажност на почвата) за засадување нови насади со јаболка, круши, сливи и зрнестото овошје – бобинки, со што се осигурува квалитетно вкоренување на садниците пред настапувањето на зимскиот период на мирување. 

- Реклама -
Ad image

МИА

Може да ви се допадне

АХВ: Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево
Мерка 7 од ИПАРД: 600.000 евра грант за рурален туризам, алтернативно производство, ветеринарни станици…
Водата во Скопје е безбедна за пиење, потврдуваат најновите анализи
Дали пожарите на ниво на предел го загрозуваат туризмот на Западен Балкан?
„ИАЕ“: Малку е веројатно идната година енергетските пазари да се вратат на предвоеното ниво
Таг:врнежиденовитесеидбатафинализирање
Претходен напис Водата во Скопје е безбедна за пиење, потврдуваат најновите анализи
Следен напис Вкусна чорба со пилешко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?