Земјоделците оваа година би можеле да ја имаат најлошата жетва на маслодајна репа, слична на онаа од 2006 година, најавуваат аналитичарите од Strategie Grains. Иако нивните податоци не се 100% точни, сепак факт е дека и Европската комисија објави слични прогнози па за очекување е дека ова лошо сценарио ќе се оствари.
Дождот и штетниците главни виновници
Без Велика Британија, во која жетвата исто така ќе биде намалена од 1,75 на 1,27 милиони тони и тоа поради драстичното намалување на површините со оваа култура, приносите на маслодајна репа во Европската унија според Grainsu се предвидува да бидат 16,5 милиони тони, додека пак комисијата најавува уште помала количина, од само 15,41 милиони тони.
Најголема причина за падот, како што пишува farmer.pl, се временските условите кои негативно влијаеа на растот на посевите, односно надпросечните пролетни температури. Потоа силните дождови во текот на јуни нанесоа големи штети, а исто така, аналитичарите велат дека оваа култура во поголем дел на Европа покрај сите временски неприлики беше нападната и од штетници.
Ќе се зголеми увозот?
Иако првичните проценки за увоз беа 5,5 милиони тони, ЕК врз основа на последните истражувања ги зголеми на 6 милиони тони. Најважен добавувач за европскиот пазар е Украина каде што се очекуваат нови рекорди, а после неа се Канада и Австралија.
Меѓународниот совет за житарици (IGC) неодамна ја објави својата прогноза која исто така предвиде пад на приносите поради пролетната суша.
Производството во сите земји членки, исклучувајќи ја за прв пат Велика Британија се проценува на 128,4 милиони тони што е помалку во однос на предходната проекција од 131,7 милиони тони.
Извор: Агроклуб
