Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ учествуваше на работна сесија за унапредување на поддршката за жените земјоделки преку Мерката 115
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ учествуваше на работна сесија за унапредување на поддршката за жените земјоделки преку Мерката 115
Агровести

АХВ учествуваше на работна сесија за унапредување на поддршката за жените земјоделки преку Мерката 115

Објавено 22/10/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предводени од директорот Оливер Миланов, учествуваа на информативната и работна сесија посветена на актуелниот јавен повик за Мерка 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското стопанство“, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година. Сесијата се одржа на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, со учество на претставници на надлежните институции и советодавците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).

Целта на работната средба беше подобро информирање на советодавците кои непосредно работат со жените земјоделки, разјаснување на условите и критериумите за аплицирање, потребната документација и постапките за користење на поддршката, како и намалување на административните пропусти при поднесувањето на барањата.

Во своето обраќање, директорот на АХВ, Миланов, ја истакна важноста од навремено и јасно информирање на жените земјоделки за можностите што ги нуди регулативата во надлежност на Агенцијата, особено во однос на регистрацијата на оператори со храна, производството и преработката на земјоделски и сточарски производи и нивното директно пласирање до крајните потрошувачи, односно продажбата од куќен праг.

-Ова е можност за поголема економска активност и дополнителни приходи и развој на малите семејни бизниси, вклучително и на оние кои се водени непосредно од жени носители на земјоделски стопанства, особено во руралните средини – истакна Миланов.

- Реклама -
Ad image

Тој посочи дека жените имаат значајна улога во производството и преработката на земјоделски и сточарски производи, а можностите за директно снабдување на потрошувачите отвораат дополнителен простор за развој на семејните бизниси, зголемување на приходите и зајакнување на економската самостојност на жените во руралните средини.

Според податоците од регистрите на АХВ, во 2026 година евидентирани се вкупно 2.439 производители и преработувачи на примарни земјоделски производи од животинско и неживотинско потекло, кои се регистрирани за директно снабдување на крајните потрошувачи. Од нив, кај 623 оператори се регистрирани за директно снабдување со производи од неживотинско потекло, 206 се жени носители на активностите. Кај 1.816 оператори регистрирани за директно снабдување со храна од животинско потекло, од кои најголемиот дел се производители на мед, 310 се жени носители на активностите.

Овие податоци го потврдуваат учеството на жените во системот на директно снабдување со храна, но истовремено укажуваат и на потенцијал за понатамошно зголемување на нивната вклученост во производството, преработката и пласманот на земјоделските производи.

Во рамки на сесијата беше нагласена и важноста од запознавање на жените земјоделки со условите за регистрација и евидентирање во соодветните регистри на АХВ, како и со барањата што треба да ги исполнат операторите со храна и носителите на активности во сточарските фарми. Информациите за условите и потребната документација се достапни на официјалната интернет страница на Агенцијата за храна и ветеринарство.

На работната сесија беа разгледани актуелниот јавен повик за Мерка 115, критериумите за подобност, потребната документација, постапката за аплицирање и практичните предизвици со кои се соочуваат земјоделките. Посебно внимание беше посветено на улогата на советодавците во пренесувањето точни и навремени информации, како и во обезбедувањето стручна помош при подготовката на барањата и деловните планови.

Учесниците ја истакнаа потребата од координирана соработка меѓу институциите и советодавните служби, со цел подобро искористување на достапните мерки за поддршка и олеснување на пристапот на жените до финансиските можности за развој на нивните земјоделски стопанства.

Агенцијата за храна и ветеринарство останува посветена на транспарентно информирање, унапредување на соработката со земјоделците и поддршка на развојот на безбедно и одржливо производство на храна, во однос на објавената мерка 115 на Платежната агенција со посебен акцент на можностите за развој на малите семејни бизниси и зајакнување на економската активност во руралните средини.

На работната сесија за мерката 115 учество се обратија Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски, директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, Елена Новачка од Владата на Република Северна Македонија и претставници од Федерацијата на фармерите.

АХВ

Може да ви се допадне

„Есенско пазарче“ во кумановско Ново Село со локални производи и традиционални вкусови
Николоски: Мора да ги развиваме двата паневропски коридора, тие носат економска, но и политичка стабилност
Исплатени субвенции на јаболкопроизводители
Италија подготвува мерки за помош на превозниците и земјоделците, протестите со блокади предизвикуваат проблеми во снабдувањето
Јавен повик за доставување понуди за набавка на ИТ опрема за Проектот Злетовица
Таг:ахвжените земјоделкиМерката 115работна сесија
Претходен напис „Есенско пазарче“ во кумановско Ново Село со локални производи и традиционални вкусови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?