Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дурмиши: Младите треба да добијат вистинска шанса за прво вработување, практично искуство и професионален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дурмиши: Младите треба да добијат вистинска шанса за прво вработување, практично искуство и професионален развој
Агровести

Дурмиши: Младите треба да добијат вистинска шанса за прво вработување, практично искуство и професионален развој

Објавено 21/10/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска учествуваше на форумот „NextGen CareerUp“, што се одржа во Тетово, во организација на Институтот за лидерство и јавни политики (ILPP), со поддршка на Кралството Холандија.

На панелот посветен на премостувањето на јазот од образование до вработување, министерот истакна дека создавањето квалитетни можности за младите е еден од приоритетите на Министерството за економија и труд, при што посебно внимание се посветува на активните мерки за вработување, практикантството, претприемништвото и развојот на вештини што одговараат на реалните потреби на економијата.

– Нашата задача е да му помогнеме на секој млад човек да го направи најважниот чекор – од образованието кон првото работно искуство. Дипломата е значајна основа, но младите имаат потреба и од практични знаења, менторство и можност да го покажат својот потенцијал. Наша цел е да создадеме услови во кои првото вработување нема да биде пречка, туку почеток на успешен професионален развој – посочи Дурмиши.

Тој нагласи дека преку Оперативниот план за вработување за 2026 година е предвидена поддршка за над 10.000 граѓани, со посебен акцент на младите невработени лица до 29 години.

Планот опфаќа повеќе активни мерки, меѓу кои грантови за самовработување, субвенционирано вработување, обуки за дефицитарни занимања и практикантство, преку кое е предвидено да бидат опфатени 1.150 млади лица.

– Непостои едно решение што одговара на сите млади. На некого му е потребна дополнителна обука, на друг можност за прво практично искуство, а на трет финансиска и стручна поддршка за да започне сопствен бизнис. Затоа нашите политики се насочени кон создавање различни можности, со заедничка цел – младите да добијат реална перспектива за работа, напредување и сигурна иднина во својата држава – порача Дурмиши.

Посебен акцент во дискусијата беше ставен на потребата од поголема поврзаност меѓу високото образование и приватниот сектор, како и на значењето на практикантството и менторството во подготовката на младите за работната средина.

Министерот посочи дека практикантството е законски уредено и дека неговата суштина не е само стекнување работно искуство, туку и обезбедување квалитетен процес на учење, со јасно дефинирани задачи, соодветен надоместок и менторска поддршка.

– На младите не им е потребна само можност да влезат во една компанија, туку можност таму нешто да научат, да стекнат самодоверба и да развијат професионални компетенции. Затоа менторството треба да го гледаме како инвестиција во идниот кадар. Истовремено, компаниите треба да ги препознаат младите како потенцијал што треба да се развива, а не како работна сила од која веднаш се очекува целосно искуство – нагласи министерот.

Говорејќи за потребите на пазарот на трудот, Дурмиши истакна дека образовните програми и активните мерки за вработување треба постојано да се приспособуваат на технолошките промени, дигитализацијата и потребите на компаниите.

Во таа насока, тој ја потенцираше важноста на регионалниот пристап, особено во Полошкиот Регион, каде што постои потенцијал за поинтензивна соработка меѓу универзитетите, локалните компании, Агенцијата за вработување и институциите што обезбедуваат поддршка за иновации и претприемништво.

– Сакам ваквите форуми да не завршуваат само со дискусија, туку да резултираат со конкретни активности. Мојот предлог е да започнеме со заедничка иницијатива во Полошкиот Регион, преку која ќе ги поврземе младите, универзитетите, компаниите и институциите. Со јасни цели и мерливи резултати можеме да создадеме модел што понатаму ќе се применува и во другите региони – истакна Дурмиши.

Според него, успехот на економските политики не се мери само преку бројот на опфатени лица со активните мерки, туку пред сè преку бројот на млади што успеале да се вработат, да напредуваат професионално или да започнат сопствен бизнис.

На панел-дискусијата беа опфатени перспективите на економските политики, високото образование и иновациската поддршка, со учество на претставници ИНОВА, Универзитетот „Мајка Тереза“ и Универзитетот во Тетово.

Форумот „NextGen CareerUp“ има цел да поттикне конкретна институционална соработка и да придонесе за создавање подобри можности за образование, практично искуство, вработување и професионален развој на младите во Северна Македонија. 

Министерство за економија и труд

Може да ви се допадне

Доцни сеидбата на житните култури во Штипскиот Регион
До 20 октомври повратот на ДДВ е 517,7 милиони евра, наплатата на даноците со раст од 11,5 отсто, највисоката плата лани 139,1 милиони денари
Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер 
Гори депонијата во село Еднокуќево, Општина Босилово, чадот се чувствува и во околината на Струмица
Поради поврзување на нова водоводна мрежа, без вода делови од Центар
Таг:вистинска шансаДурмишипрофесионален развој
Претходен напис До 20 октомври повратот на ДДВ е 517,7 милиони евра, наплатата на даноците со раст од 11,5 отсто, највисоката плата лани 139,1 милиони денари
Следен напис Доцни сеидбата на житните култури во Штипскиот Регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?