Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: БСИ: Интернационален бизнис самит и ЕКСПО настан од 17 до 20 септември 2020 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > БСИ: Интернационален бизнис самит и ЕКСПО настан од 17 до 20 септември 2020 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје
Агровести

БСИ: Интернационален бизнис самит и ЕКСПО настан од 17 до 20 септември 2020 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје

Објавено 04/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Норвешката компанија Black Swan Innovation (BSI), Ве поканува да учествувате на Интернационалниот Бизнис Самит и ЕКСПО настан, кој ќе се одржи од 17 до 20 септември 2020 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје, Северна Македонија. Овој настан се организира со цел поврзување на производителите и компаниите од Источна Европа со бизнисмените и инвеститорите од Нигерија, Африка.

Освен македонски компании, на настанот ќе учествуваат компании и од Косово, Романија, Бугарија, Албанија, Норвешка, Грција, Турција, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Како ВИП гости на NEEBSE Бизнис Самит и ЕКСПО, очекуваме да бидат Претседателот на Нигерија, Претседателот на Република Сиера Леоне, Претседателот на Република Гвинеа, Кралот на Нигерија, Министри за трговија и економски развој, Министри за надворешни работи, Амбасадори на земјите членки, Претставници на Банки и големи
финансиски компании.

Овој бизнис саем ќе Ви овозможи презентација на Вашата компанија, Б2Б средби со инвеститори, идни соработки, можност за извоз на Вашите производи и услуги и сл. Настанот ќе биде од отворен карактер, како за посетителите така и за компаниите, без
разлика на нивната дејност.

Цената за учество на Саемот е 550 Евра, во која влегува штанд од 4м2, промотивни видео материјали и маркетинг за вашата компанија, еден бесплатен ручек и учество на гала вечерата. NEEBSE, е организиран од страна на Black Swan Innovation АS Group, во
соработка со Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот, Агенцијата за Странски Инвестиции и Промоции, Стопанска Комора за Енергетика на Северна Македонија, Стопанската Комора на Република Северна Македонија, Норвешка и Албанија.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Бизнис саемекспоСкопје
Претходен напис До 15 јули може да се аплицира за финансиска поддршка за набавени назимки и пчелини матици
Следен напис Продолжува нестабилното време со врнежи и грмежи, стабилизирање на атмосферата од среда
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?