Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До 15 јули може да се аплицира за финансиска поддршка за набавени назимки и пчелини матици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > До 15 јули може да се аплицира за финансиска поддршка за набавени назимки и пчелини матици
Сточарско производствоСубвенции

До 15 јули може да се аплицира за финансиска поддршка за набавени назимки и пчелини матици

Објавено 04/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во тек е јавниот повик за доставување барања за финансиска поддршка на сточарите кои набавиле назимки и пчелини матици. Огласот беше објавен на 20 јуни, а истекува за десетина дена. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули.

На повикот може да се пријават сите сточари кои од први октомври до 31 декември 2019 година набвиле педигрирани, хибридни чистокрвни свиња и пчелини матици од одобрени одгледувалишта, а право на учество имаат регистрираните земјоделски стопанства.

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Ставката за кофинансирање се зголемува ако инвестицијата ја реализирал млад земјоделец (55 отсто), ако инвестицијата е во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство (до 60), ако инвестицијата е во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство и носител е млад земјоделец (до 65 отсто), како и ако инвестицијата е во недостапни рурални заедници (75 отсто).

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk , e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Еден апликант може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Може да ви се допадне

ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2026: 360.000 денари за АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН во семејството
За „зелена нафта“ вкупно 9.5 милиони евра, еве колкав е износот по култури
Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка
МЗШВ: На 30 септември истекува рокот за поднесување барања за субвенции за 2026 година
Краен рок за поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година
Таг:матициназимкипчелисубвенции
Претходен напис Првата сабота од месец јули светот ја одбележува како Меѓународен ден на задругарството
Следен напис БСИ: Интернационален бизнис самит и ЕКСПО настан од 17 до 20 септември 2020 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?