Одличен појадок или вечера, брзо се прават, највкусни се додека се уште топли, но нема да пречат ни ако останат за подоцна… пријатно!
Состојки:
- 350 грама брашно
- 150 грама варен компир
- 20 грама квасец
- 1 кафена лажичка сол
- 50 грама путер
- 2 жолчки
- околу 1,5 дл млеко
Фил: - 150 грама шунка
- 1,5 дл кисела павлака
- сецкан магдонос
- бибер
Подготовка:
Замесете тесто од брашно, варен и пасиран компир, сол, жолчки, путер, подготвен квасец и топло млеко. Додека тестото малку одмори, подгответе фил: шунката исецкајте ја на ситни коцки, зачинете со бибер, додадете сецкан магдонос и павлака, па сè добро измешајте.
Расукајте кора со дебелина од 0,5 см и исечете правоаголници. На средината на секој правоаголник, по должина ставете фил, обликувајте пирошки од целото тесто. Кога ќе ги направите сите пирошки, ставајте по една во загреано масло и кратко пржете додека не поруменат убаво од сите страни.
Готовите пирошки ставајте ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло. Сервирајте додека се уште топли со јогурт или кисело млеко и младо кромитче.
МИА
