Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Слатко од дуњи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Слатко од дуњи
Магазин

Слатко од дуњи

Објавено 19/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мирисно, со златножолта боја и парчиња овошје во густ шеќерен сируп, слаткото од дуњи е вистински класик што потсетува на традиционалната домашна кујна. 

Состојки:

  • 2,8 кг дуњи (околу 7 парчиња, пред чистење)
  • 1,4 кг шеќер
  • 400 мл вода
  • 4–5 тркалца лимон


Подготовка:

Дуњите измијте ги и добро истријте ги со сунѓер за да ги отстраните нечистотиите. Ставете ги во поголемо тенџере, прелејте ги со ладна вода и загрејте ги до зовривање. Веднаш извадете ги со решеткаста лажица и прелејте ги со ладна вода.

Додека се уште топли, излупете ги, исчистете ги од семките и сите нечисти делови, па исечете ги на коцки. Измерете ги исчистените дуњи – од наведената количина треба да добиете околу 1,4 кг. Во поголемо тенџере ставете ги шеќерот и водата. Откако сирупот ќе зоврие, варете го околу 10 минути, повремено отстранувајќи ја пената.

Додајте ги коцките дуњи и варете 10–15 минути, без често мешање. Повремено протресувајте го тенџерето за да останат парчињата цели. Пред крајот додајте гo лимонот. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го слаткото малку да се излади, па соберете го во чисти, соодветно стерилизирани тегли. Затворете ги и чувајте ги на ладно и темно место.

Совет:

За убаво, бистро слатко со цели парчиња дуњи, избегнувајте често мешање со лажица. Наместо тоа, нежно протресувајте го тенџерето додека се варат.

MIA

Може да ви се допадне

Предмети што треба да се чуваат подалеку од сончева светлина
Долна Локошница – светска престолнина на црвената пиперка
Медена торта
Тарт со блитва и сардини
Кисели краставички – домашна зимница
Таг:дуњиСлатко
Претходен напис АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
Следен напис Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?