Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
Агровести

Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово

Објавено 17/10/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дваесеттина учесници од повеќе градови од државата, денеска ги претставија своите локални производи на второто издание на Фестивалот на калинката во Општина Валандово. На плоштадот во центарот на градот посетителите можеа да вкусат различни производи меѓу кои слатка, мармалади и сокови направени од калинки, како и од друго овошје, маџун, зимници, сушени производи, мед, и други изработки преку кои секој изложувач го презентираше местото од каде што доаѓа.


– Калинката е симбол на нашиот град и нашата гордост. Денес сме тука да покажеме дека кога срцата се обединети и малите идеи стануваат големи дела. Овој фестивал го започнавме со една идеја која денес станува наша заедничка приказна за вредните земјоделци и нашите локални производители, порача Лејла Рајкова, претседателка на Здружението за локален рурален развој “Валандер” кое е организатор на фестивалот.
Производители од валандовското село Раброво велат дека фамилијарно одгледуваат калинки на нивните ниви, а калинката ја ползуваат за различни производи.


– Ние сме производители од куќен праг, регистрирани преку Агенција за здрава исхрана. Произведуваме мармалад од калинка, го правиме прво сокот, потоа во процесот на вриење се создава мармалад. Оваа година направивме и комбинација од боровинка и калинка, како и јагода и калинка, а направивме и мармалад без шеќер погоден за дијабетичари. Како земјоделци од Раброво, си имаме наши калинки на површина од еден хектар и целта ни е да правиме преработки за да не ја изгубиме калинката на нивата, велат од “Дака” – Валандово.
“Тера мегдан”, исто така локални производители од валандовското Раброво покрај конвенционален сок од калинка, произведуваат и органски сок од калинка и органско ладно цедено маслиново масло. Велат дека имаат за цел покрај преработката на калинка да стигнат и до понуда на првокласна калинка на европскиот пазар.
Виктор Рајков од Валандово на 15 декари одгледува сопствена калинка во истото село, и вели дека досега нема проблеми во производството.


– Дојдовме пред се да ја понудиме на продажба нашата домашна калинка, потоа сокот од калинка, маџун од калинка, ликер од калинка, а тука е и грозјето од сортата валандовски дренак, како и домашните слатка кои ги прави мојата сопруга. Можам да кажам дека Валандово е идеално поднебје за одгледување на калинката и како производители немаме некои позначителни штети од климатските промени, вели Рајков.


Во годинешните учесници се вбројаа и “Трантал фарм преспино”, локални производители од Ресен кои освен познатото ресенско јаболко ги понудија и своите производи од јаткасти плодови, цреши и сливи, производители на маџун од Кавадарци, производители на сушен зеленчук за приготвување на оброци, сушена овча урда која може да се користи како додаток во јадењата и сушено овошје за подготовка на здрав оброк десерти или пијалоци од Радовиш , како и производители на природна козметика “Лавандово”, кои од насади од лаванда произведуваат повеќе козметички производи.
Во музичкиот дел на Фестивалот на калинката свои настапи имаа повеќе локални културно уметнички друштва, како и музичкиот состав за традиционална песна “Распеани валандовчани”. 

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“
Двајца жители на Подгорци приведени поради нелегална сеча
Таг:Богатите вкусовиВаландовоизложеникалинкакалинкатаФестивалот
Претходен напис Утре сончево со умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?