Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците се соочуваат со нови поскапувања, за една година цената на горивата скокна за 21,7 процент
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците се соочуваат со нови поскапувања, за една година цената на горивата скокна за 21,7 процент
Агровести

Земјоделците се соочуваат со нови поскапувања, за една година цената на горивата скокна за 21,7 процент

Објавено 16/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трошоците за земјоделско производство во септември годинава бележат значителен раст, додека продажните цени на земјоделските производи имаат побавно зголемување, покажуваат најновите податоци за индексите на цените во земјоделството на Државниот завод за статистика. Според податоците, во септември 2026 година, во споредба со истиот месец лани, цените на инпутот, односно средствата што се користат во земјоделството, се зголемени за 8,8 проценти. Истовремено, цените на аутпутот, односно земјоделските производи, бележат раст од 2,3 проценти.

Најизразено поскапување кај тековните трошоци има кај енергијата, горивата и мазивата, чии цени се повисоки за 21,7 проценти на годишно ниво. Зголемување има и кај ветеринарните услуги од 9,3 проценти, минералните ѓубрива од 4,2 проценти, семињата од 3,3 проценти и добиточната храна од 2,9 проценти. Поскапуваат и средствата за инвестиции во земјоделството, за 8,6 проценти. Кај транспортната опрема зголемувањето изнесува 19,6 проценти, кај машините и опремата 12,7 проценти, додека кај зградите е регистрирано намалување од 0,3 проценти.

Кај цените на земјоделските производи, растот е поумерен. Цените на растителното производство во септември се зголемени за 3,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека кај добиточното производство е забележан пад од 2,1 процент. Меѓу растителните производи, најголемо зголемување има кај индустриските растенија, чии цени се повисоки за 18,9 проценти. Цените на зеленчукот се зголемени за 8,2 проценти, на компирот за 6,5 проценти, а кај вината растот изнесува 3,9 проценти.

Од друга страна, цените на житата и оризот се намалени за 2,2 проценти, кај добиточните растенија за 3,5 проценти, а кај овошјето и грозјето за 1,8 проценти. Во добиточното производство, цените на добитокот за колење се зголемени за 7,4 проценти, но кај производите од животинско потекло е регистриран пад од 7,6 проценти.

Изовр: Слободен печат

Може да ви се допадне

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба
Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Теренската проверка потврди: Нема останато необрано винско грозје во Општина Кавадарци
Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони
Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Мицкоски вели дека Владата ќе настојува така да биде и по 1 јануари
Таг:21.7 процентгориватаземјоделците
Претходен напис СИТЕ ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ за повикот „Рурална жена“: Услови, критериуми, бодови, документи…
Следен напис Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?