Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Есенски мерки во овоштарникот по завршување на бербата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Есенски мерки во овоштарникот по завршување на бербата
Агровести

Есенски мерки во овоштарникот по завршување на бербата

Објавено 14/10/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во нашите агроеколошки услови, бербата на повеќето овошни видови се одвива во текот на летните и есенските месеци. Иако бербата завршува, работите во овоштарникот продолжуваат. Есенскиот период е важен за подготовка на овошките за зимското мирување и за наредната вегетациска сезона.

Првиот чекор што треба да се преземе по бербата е отстранување на оштетените и заразените гранки, плодовите и другите растителни делови кои можат да претставуваат извор на инфекции и место за презимување на штетници. Бидејќи голем број причинители на болести и штетните инсекти, презимуваат во опаднатото лисје, раните и мумифицираните плодови и потребно е тие да се отстранат од овоштарникот и соодветно да се уништат. Заразените гранки треба да се отстранат до здраво ткиво, а алатот за режење да се дезинфицира, со цел да се спречи пренесување на болеста на здравите овошки.

Есенското внесување на органски и минерални ѓубрива е една од важните мерки за одржување на плодноста и структурата на почвата, а со тоа и за остварување на добар принос во наредната сезона. Хранливите материи придонесуваат и за подобра подготвеност на овошките за зимски услови, како и за нивниот понатамошен раст и квалитетот на плодовите. Пред примената на ѓубривата, се препорачува да се направи агрохемиска анализа на почвата, со цел да се утврди содржината на органска материја и достапните макроелементи.

Различните овошни видови имаат различни потреби од хранливи материи, па затоа количината и видот на ѓубривото треба да се определат според конкретните услови во насадот. Фосфорот и калиумот најчесто се внесуваат во есен, додека азотните ѓубрива се применуваат делумно во есен, а преостанатиот дел во пролет. Ѓубривата треба плитко да се внесат во почвата, при што треба да се внимава да не се оштети кореновиот систем. Оваа агротехничка мерка придонесува за подобрување на структурата и водно воздушниот режим на почвата.

Непосредно пред почетокот на зимското мирување, во доцна есен, се препорачува варосување на стеблата, со што се намалува влијанието на ниските температури и заштита од одредени штетни организми. Варосувањето треба да се врши по суво време и при температури над нулата.

Следната мерка е третман на овошките со средства на база на бакар и минерално масло, со цел да се намали инфективниот потенцијал на причинителите на болести, како и присуството на штетни инсекти. Третманот се спроведува откако ќе опаднат околу 50–70 % од листовите, по суво и мирно време со доволна количина вода за добро покривање на стеблата и гранките.

Есенскиот период е погоден и за садење нови овошки, бидејќи почвата сè уште ја задржува топлината и влагата, што овозможува развој на кореновиот систем пред појавата на мразевите. На тој начин, овошките во пролет влегуваат со подобро развиен коренов систем и поголема подготвеност за почеток на вегетацијата. Со навремено спроведување на сите неопходни агротехнички мерки во овоштарникот во текот на есента и зимата, се создаваат услови за добар и квалитетен род во наредната вегетациска сезона.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун
Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
АХВ: Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
„Вински фестивал – Македонско село“ од 16 до 18 октомври
(РЕЦЕПТ) Варени ѓевреци
Таг:бербатаЕсенски меркизавршувањеовоштарникот
Претходен напис Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
Следен напис Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?