Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Северна Македонија и Косово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Северна Македонија и Косово
Агровести

Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Северна Македонија и Косово

Објавено 07/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. 

Двајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка, усогласување со стандардите на Европската Унија и размена на искуства во процесот на европската интеграција.

Министерот Серафимовски истакна дека близината на пазарите и потенцијалот на земјоделството создаваат основа за продлабочување на економските односи меѓу двете држави преку посилна институционална соработка, поголема трговска размена и долгорочни партнерства меѓу производителите и компаниите од прехранбениот сектор.

„За нашите земјоделци и компании, предвидливите услови за трговија се важни за сигурен пласман и планирање на производството. Со редовна институционална координација и почитување на стандардите за квалитет создаваме услови за развој на трговската размена. Во таквата соработка гледаме заеднички интерес за производителите, компаниите и потрошувачите во двете земји“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот Муја ја нагласи важноста на систематски пристап во билатералната соработка, со кој заедничките приоритети ќе се преточат во континуирана работа на надлежните служби и стручна размена меѓу двете министерства.

„Наш приоритет е да ја зајакнеме и структурираме соработката меѓу двете министерства, со редовни институционални контакти и јасни канали на комуникација, истовремено унапредувајќи ја соработката во областа на безбедноста на храната, усогласувањето на сертификатите и стандардите и европската интеграција“, рече министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја.

Заменик-министерот Албрим Хоџа ја нагласи важноста на непосредната соработка меѓу надлежните органи, со посебен осврт на трговијата со млеко и млечни производи.

„Соработката меѓу нашите институции треба да биде директна, брза и заснована на меѓусебна доверба. Кога станува збор за безбедноста на храната, особено за млекото и млечните производи со кои се тргува меѓу двете земји, важно е секое прашање да се разгледува врз основа на целосната документација, лабораториските резултати и континуираната комуникација меѓу надлежните органи. Нашата заедничка цел е јасна, заштита на потрошувачите и истовремено создавање услови за безбедна и непречена трговија меѓу Северна Македонија и Косово “, рече заменик-министерот Албрим Хоџа.

На средбата присуствуваа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.

МЗШВ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Серафимовски: Во Прилепскиот регион, просечната откупна цена на пиперката е зголемена на 25 денари
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година
ЕУ со нов модел на проширување: што се менува?
Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
Развојната банка во Битола ги претстави финансиските можности за компаниите
Таг:земјоделскиинституционални врскиКосовоМакедонијаМујаСерафимовски
Претходен напис ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година
Следен напис (ВИДЕО) Серафимовски: Во Прилепскиот регион, просечната откупна цена на пиперката е зголемена на 25 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?