Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштата
Агровести

Серафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштата

Објавено 03/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од вкупно 268 востановени ловишта во Македонија, во постапка за доделување на користење остануваат уште 21, со што се заокружува системот и се утврдува одговорноста за управувањето и одржувањето на секое ловиште, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на свечената академија во Велес по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија, соопшти МЗШВ.

Тој нагласил дека корисниците преземаат конкретни обврски за заштита на дивечот, унапредување на живеалиштата, воспоставување на функционални ловочуварски служби и примена на високи ловностопански и еколошки стандарди.

-Јавно и недвосмислено порачувам дека нема да има компромис со ловокрадството, нелегалната трговија со дивеч и криумчарењето трофеи. Не прифаќаме поединци да остваруваат незаконски профит, а цената да ја плаќаат природата и совесните ловци. Институциите и ловечката заедница ќе дејствуваат заеднички за секоја незаконитост да биде откриена, документирана и санкционирана – истакнал Серафимовски.

Осврнувајќи се на осумдеценискиот јубилеј, министерот Серафимовски ја нагласил улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството, која, обединувајќи заедница од повеќе од 20.000 ловци, овозможува искуствата од ловиштата да стигнат до институциите, а институционалните решенија да одговараат на реалните состојби во природата.

-Ќе воспоставиме нови партнерства за обновување на живеалиштата, современо следење на дивечот, стручна обука на ловците и ловочуварите, спречување на болестите и развој на одржлив ловен туризам. Искуствата и финансиските инструменти од европските и регионалните програми ќе ги ставаме во функција на подобро уредени ловишта и посилни локални заедници – порачал министерот Серафимовски.

Свечената академија по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија се одржа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, претседателот на Федерацијата, Влатко Алексовски, како и претставници на ловечките друштва и здруженија, ловци и ловочувари од целата држава.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Поскапеа житото, говедското месо и шеќерот на глобално ниво
„Жито Полог“ АД Тетово објави повик до своите акционери да се изјаснат дали сакаат да преземат удели во друштвото
Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
Фестивал на биодиверзитет „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“ во Градскиот парк во Скопје
Во Скопје интернационален гастрономски фестивал „Интерфестфуд 2026“
Таг:ловиштатаСерафимовскисистемотуправување
Претходен напис Поскапеа житото, говедското месо и шеќерот на глобално ниво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?