Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДИЗ СПРЕЧИ УВОЗ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА 21,7 ТОНИ НЕБЕЗБЕДЕН ДОМАТ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ДИЗ СПРЕЧИ УВОЗ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА 21,7 ТОНИ НЕБЕЗБЕДЕН ДОМАТ
Агровести

ДИЗ СПРЕЧИ УВОЗ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА 21,7 ТОНИ НЕБЕЗБЕДЕН ДОМАТ

Објавено 02/10/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

При фитосанитарната контрола на граничниот премин Деве Баир, во текот на минатата недела, државните фитосанитарни инспектори земаа мостра од пратка со домат за лабораториско испитување на присуство на резидуи од пестициди, согласно Годишната програма за мониторинг.

По извршената лабораториска анализа на мострата со примена на акредитирани методи, утврдено е присуство на забранет пестицид во плодовите во концентрација 22 пати над границата на квантификација (LOQ).

Врз основа на лабораторискиот наод, Државниот инспекторат за земјоделство не дозволи пуштање во промет на пратката од 21,7 тони домати и донесе решение за нејзино уништување, со што е спречено потенцијално консумирање на небезбеден производ од страна на потрошувачите.

Државниот инспекторат за земјоделство и во наредниов период ќе продолжи со засилените фитосанитарни контроли при увоз, врз основа на Годишната програма за мониторинг и законската регулатива од областа на фитофармацијата.

Целта на контролите е навремено откривање и спречување на внесување и пуштање во промет на производи кои не ги исполнуваат пропишаните безбедносни услови, со што се придонесува кон заштита на здравјето на потрошувачите и пласирање на безбедни земјоделски производи на пазарот.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи
Состојба на земјоделските култури во и агрометеоролошка прогноза за периодот после 01.10.2026 година
Забрана за лов на пастрмка во акумулацијата „Стрежево“
Коперникус: Температурите летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија
Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги забрзуваат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
Таг:диздоматиинспекторатпестициди
Претходен напис Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?