Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Храната наместо на трпеза, во отпад: Македонските домаќинства фрлаат 86 кг храна годишно по жител, 17 кг над европскиот просек
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Храната наместо на трпеза, во отпад: Македонските домаќинства фрлаат 86 кг храна годишно по жител, 17 кг над европскиот просек
Агровести

Храната наместо на трпеза, во отпад: Македонските домаќинства фрлаат 86 кг храна годишно по жител, 17 кг над европскиот просек

Објавено 02/10/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86 килограми храна годишно по жител, што е за 17 килограми повеќе од просекот во Европската Унија. Освен во домаќинствата, отпадот од храна во Македонија е над европскиот просек и во рестораните и малопродажбата.

Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно, додека македонските домаќинства во просек фрлале по 86 килограми по човек храна во текот на годината.

Извештајот на Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) за индексот на отпад од храна за 2024 покажува дека светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, што претставува дури 19% од вкупната храна достапна за потрошувачите.

Домаќинствата ширум светот фрлаат над 1 милијарда оброци секој ден и се одговорни за 60% од вкупниот отпад од храна, додека останатите 29% се од ресторани и хотели и 12% од малопродажбата во маркети.

Според УНЕП, домаќинствата во Македонија во 2024 година создале вкупно 179 311 тони отпад од грана, што е околу 86 килограми по човек годишно. Рестораните и услугите за исхрана, пак, создале 51 283 тони отпад или околу 25 килограми по човек годишно. Во малопродажбата биле создадени вкупно 30 755 тони отпад од храна или по 15 килограми по човек годишно.

Ако се споредат податоците по сектори македонските домаќинства создаваат по 17 килограми по човек повеќе отпад од храна од европскиот просек, рестораните и услугите за изхрана по 10 килограми над европскиот просек, додека во малопродажбата се создаваат 5 килограми повеќе отпад од храна по човек годишно.

На ниво на Европската Унија, според податоците на Евростат, во 2024 година секој граѓанин генерирал по околу 129 килограми отпад од храна, вклучително и јадливите и нејадливите делови, што претставува благ пораст од 0,7% во споредба со 2023 година.

Отпадот од домаќинствата сочинува повеќе од половина од вкупниот отпад од храна (53%), односно 69 кг по лице, додека уште 12% биле создадени од рестораните и услугите за исхрана (15 кг по жител). Останатите 35% се во претходните фази од синџирот на снабдување со храна: 19% при производството на прехранбени производи и пијалаци (25 кг по жител), а по 8% во примарното производство и во малопродажбата и другите видови дистрибуција на храна (по 10 кг по жител).

Во Македонија нема официјална статистика за количеството на фрлена храна и се мери само вкупно собран органски отпад во кој влегува храна, лисја и слично.

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2025 година вкупното количество собран комунален отпад изнесува 639 668 тони, од кои 34 757 тони се органски отпад. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2025 година изнесува 417 кг, што е за  4.8 % помалку од истото количество во 2024 година. Најголем дел од вкупно собраниот комунален отпад или околу 84 проценти потекнува од домаќинствата, додека комерцијалниот отпад учествува со 16 проценти. Речиски целото количество собран комунален отпад, 99.8 %, се исфрла на депонија.

Методлогијата на Евростат, ги мери количините на отпад од храна за сите фази од синџирот на снабдување со храна. Отпадот од храна се состои од делови од храната наменети за консумирање (јадлива храна) и делови од храната што не се наменети за консумирање (нејадлива храна). Отпад од храна е секоја храна што станала отпад под следниве услови: влегла во синџирот на снабдување со храна, потоа била отстранета или исфрлена од синџирот на снабдување со храна или во фазата на крајна потрошувачка, на крајот е наменета за третман како отпад.

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работниците во индустријата
Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
Министерот Серафимовски во Белград: Посилни пазари, климатска отпорност и иднина за младите во руралните средини
Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка
Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина
Таг:европскиот просекжителотпадХраната
Претходен напис Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
Следен напис Намален бројот на работниците во индустријата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?