Голема е веројатноста дека дури и оние што вообичаено не би одбрале грашок ќе се вљубат во овој рецепт во кој грашокот е главна ѕвезда, бидејќи во комбинација со внимателно избрани состојки тој претставува совршен намаз на парче леб или брускета.
Состојки
- 250 грама грашок од конзерва
- сецкан магдонос
- 4 варени јајца
- 1 мало чешне лук
- ½ лимон (изрендана кора и исцеден сок)
- 100 грама сирење рикота
- ½ лажичка сув зеленчук и бибер
- 2 лажици маслиново масло
- 4-8 парчиња леб
Подготовка:
Ставете ги јајцата во зовриена посолена вода и варете ги 5 минути. Потоа, веднаш тргнете ги од оган и ставете ги во ладна вода. Во електрична сецкалка ставете ги исцедениот грашок, магдоносот, сецканиот лук, ренданата кора од лимон, 1 лажица сок од лимон, рикотата, сувиот зеленчук, биберот и маслиновото масло. Соединете ги состојките додека не добиете смеса налик на намаз. Намачкајте ја смесата од грашок врз потпечено парче леб и одозгора ставете го вареното јајце. Послужете веднаш, посипано со свежо мелен црн пипер.
МИА
