Вкусна, кремаста и освежителна салата , идеална за лесен ручек или вечера. Брза за подготовка, а богата со вкус и текстура.
Состојки:
- 1 цвекло со средна големина,
- 200 грама варено пилешко,
- 200 грама кисела павлака,
- 1 лажица мајонез,
- 2 млади кромидчиња
- потпечени семки
Подготовка:
Сварете го цвеклото во малку посолена вода. Исцедете го од течноста и оставете го да се излади. Ситно исецкајте го цвеклото во садот од блендерот и изблендирајте. Исецкајте го ситно вареното пилешко месо и додадете го во цвеклото. Додадете кисела павлака, мајонез, сецканиот млад кромид, потпечените семки, сол и бибер. Измешајте сè заедно и ставете ја салатата во фрижидер 30 минути.
МИА
