Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕРМС: Енергетската заедница позитивно го оцени напредокот во спроведувањето на НПЕК
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕРМС: Енергетската заедница позитивно го оцени напредокот во спроведувањето на НПЕК
Агровести

МЕРМС: Енергетската заедница позитивно го оцени напредокот во спроведувањето на НПЕК

Објавено 17/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Напредокот на Македонија и исполнувањето на преземените обврски се позитивно оценети во последниот „Извештај за оценка на усвоените национални планови за енергија и клима 2025–2030 и напредокот во 2025 година кон енергетските и климатските цели во Енергетската заедница“, информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и додаваат дека со тоа навреме ја исполниле обврската кон Енергетската заедница.

Навременото известување, како што велат, претставува потврда дека Министерството доследно ги спроведува обврските преземени со Националниот план за енергија и клима (НПЕК) и континуирано работи на унапредување на националната енергетска и климатска политика.

-Обновливите извори на енергија имаат централна улога во енергетската транзиција на Македонија. Учеството на чистата енергија во производството на електрична енергија бележи забрзан раст, особено преку интензивниот развој на фотонапонските и хидроенергетските капацитети. Резултатите покажуваат дека динамиката на развој на обновливите извори веќе ги надминува поставените очекувања во однос на инсталираниот капацитет на електроцентралите од обновливи извори на енергија, над националната цел и индикативната траекторија утврдени со НПЕК, посочуваат од МЕРМС.

До 2030 година, како што нагласуваат, НПЕК предвидува 38 процентен удел на енергијата од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија, со растечки тренд во сите клучни сектори – електрична енергија, греење и ладење и транспорт.

-Националните цели за обновлива енергија се усогласени со рамките на Енергетската заедница и ги исполнуваат минималните барања во сите четири категории опфатени со НПЕК. Министерството континуирано работи на креирање и спроведување нови политики и мерки за поттикнување на инвестициите во обновливи извори, унапредување на регулаторната рамка и забрзување на процесот на декарбонизација. Во следниот период приоритет останува намалувањето на примарната енергетска потрошувачка, развојот на обновливите извори и унапредувањето на енергетската ефикасност, паралелно со зајакнувањето на внатрешниот енергетски пазар, прецизираат од МЕРМС.

Како особено значајни ги оценуваат мерките за пазарно поврзување, активно учество на потрошувачите, сопствено производство и потрошувачка на електрична енергија, енергетски заедници, системи за складирање енергија и воведување паметни мерни системи.

-Со овие активности, Министерството продолжува да го поставува енергетскиот сектор на патека кон поголема енергетска сигурност, повеќе домашно производство од обновливи извори и поефикасен и модерен енергетски систем, во согласност со националните цели и европските стандарди, потенцираат од МЕРМС.

Линк до објавата на извештајот – https://www.energy-community.org/dam/jcr:98276fa9-0be0-45ed-b01c-d272e8fa4b3e/ECS_NECP_Assessment_Report.pdf  

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Може да ви се допадне

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 17.09.2026 година
СМО: Минатата година е една од најсушните во последните децении
Светска метеоролошка организација: 2025 година меѓу најсушните за реките во светот во последните неколку децении
Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати
На Табановце ќе биде промовиран системот на телесни камери за царинските службеници
Таг:Енергетската заедницаМЕРМСнапредокотНПЕК
Претходен напис За викендот стабилно и топло време, од вторник пад на температурите
Следен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 17.09.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?