Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се гради „ѕид од дрвја“ долг 8.000 километри – ќе „ја подели“ Африка, но и ќе нахрани милиони луѓе
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се гради „ѕид од дрвја“ долг 8.000 километри – ќе „ја подели“ Африка, но и ќе нахрани милиони луѓе
Агровести

Се гради „ѕид од дрвја“ долг 8.000 километри – ќе „ја подели“ Африка, но и ќе нахрани милиони луѓе

Објавено 09/09/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Додека светот се бори со последиците од климатските промени, северноафриканските земји спроведуваат еден од најамбициозните проекти и потфати за обновување на природата. Станува збор за „Големиот зелен ѕид“ – иницијатива за дрвореди и зелени површини што би се протегале од брегот на Атлантскиот Океан во Сенегал до Џибути на Црвеното Море и ќе опфаќаат околу 8.000 километри низ појасот Сахел.

Иако името посочува дека станува збор за појас од дрвја, овој проект е многу посложен. Неговата цел не е само садење милиони дрвја, туку и обновување на уништените екосистеми, запирање на ширењето на пустините, подобрување на земјоделството и создавање подобри услови за живот на милиони луѓе кои живеат во една од климатски најзагрозените области на планетата. Проектот беше почнат од Африканската Унија во 2007 година, како одговор на зголеменото опустинување и зголемената неплодност на почвата во Сахел – огромниот полусушен појас што ја одделува Сахара од позелените површини на југ на континентот. Планот, првично, беше да се создаде зелен појас широк околу 15 километри што ќе се протега низ целата ширина на Африка. Сепак, научните истражувања покажаа дека таков пристап нема да даде најдобри резултати, па проектот прерасна во многу поширока иницијатива за обновување на природата.

Името „Голем зелен ѕид“ може да биде погрешно сфатено, бидејќи проектот не подразбира непрекината линија на дрвја што ја сечат Африка. Денес, наместо уникатен појас од дрвја, се обновуваат шуми, тревни и водни површини, земјоделски површини и автохтона вегетација, при што секоја област се управува согласно тамошните климатски и природни услови.

Обновувањето на екосистемот носи многу повеќе од поубав пејзаж. Дрвјата и другата автохтона вегетација спречуваат ерозија на почвата, придонесуваат за обновување на подземните води и привлекуваат големи количини јаглерод што инаку би останале во атмосферата.

Со десетлетија, Сахел се соочува со долги суши, оштетување на почвата и сè поизразени последици од климатските промени. Милиони луѓе во областа заработуваат за живот од земјоделство и сточарство, но како што почвата осиромашува и врнежите стануваат понепредвидливи, приносите паѓаат, сиромаштијата се зголемува, а безбедноста на храната станува сѐ посериозен проблем.

Обновувањето на почвата треба да го подобри нејзиниот квалитет, да го зголеми задржувањето на водата, да го обнови растителниот свет и да овозможи постабилно производство на храна. Истовремено, се очекува да се зголеми биодиверзитетот и да се намали притисокот поради којшто многу луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во потрага по подобар живот.

На некои места се садат автохтони видови дрвја, додека во други области се поттикнува природно обновување на вегетацијата. Земјоделците воведуваат поодржливи начини на обработка на земјиштето, се собира дождовница, се обновуваат тревниците и се подобрува квалитетот на почвата. Таквиот пристап овозможува прилагодување на мерките на особеностите на секоја област, наместо да се применува истото решение насекаде.

Плановите за „Големиот зелен ѕид“ се меѓу најголемите еколошки цели во светот, сметаат стручњаците. До крајот на ова десетлетие, проектот треба да: 1. обнови 100 милиони хектари уништено земјиште, што одговара на површина приближно еднаква на Египет; 2. да отстрани околу 250 милиони тони јаглерод-диоксид од атмосферата; 3. да создаде 10 милиони работни места поврзани со зелената економија; 4. да ги подобри условите за живот и безбедноста на храната за милиони жители на Сахел.

Повеќе од 20 африкански земји учествуваат во овој проект со поддршка на меѓународни организации, банки за развој и бројни еколошки фондови. Резултатите се веќе видливи. Иако сè уште има многу работа пред иницијативата, некои земји веќе бележат значителен напредок.

Сенегал засади милиони дрвја и обнови големи површини оштетено земјиште. Етиопија обнови милиони хектари преку обемни програми за ревитализација, додека Нигерија, Нигер и други држави веќе го проширува одржливото управување со земјиштето.

Според најновите проценки, досега се обновени околу 30 милиони хектари уништени области.
Сепак, се предупредува и дека постигнувањето на сите планирани цели до 2030 година ќе бара дополнителни финансиски инвестиции, посилна соработка меѓу земјите и постабилни безбедносни услови во подрачјата погодени од каков било судир и немири.

„Големиот зелен ѕид“ се смета за една од најголемите иницијативи за реставрација на природата во историјата. Неговата важност ги надминува границите на Африка, бидејќи искуствата стекнати во Сахел би можеле да послужат како модел за обновување уништени области во други сушни делови од светот. Истовремено, обновените живеалишта овозможуваат враќање на бројни растителни и животински видови, додека поздравата почва им носи на земјоделците поголеми приноси, побезбедно пасење на добиток и постабилни приходи.

Овој проект покажува дека зачувувањето на природата и економскиот развој не мора да бидат спротивставени цели. Напротив, здравите екосистеми можат истовремено да придонесат за зачувување на животната средина и да го подобрат квалитетот на живот на милиони луѓе. За разлика од ѕидовите што ги делат нациите, Големиот зелен ѕид на Африка е замислен како жива бариера што повторно ќе ги поврзува природата и луѓето, ќе го враќа животот во исцрпените предели и ќе гради поотпорна, надежна иднина во ерата на климатските промени.

МИА

Може да ви се допадне

Девизните резерви во август над 5,1 милијарда евра
Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола
Делови од Кисела Вода без струја
Охрид домаќин на регионална конференција за буџетска стабилност, даночни приходи и неформална економија
Терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
Таг:Африкаградиѕид од дрвја
Претходен напис Крем супа од грашок
Следен напис Девизните резерви во август над 5,1 милијарда евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?