Ако уживате во задоволството што го нуди една лажица топла, кремаста супа, ви предлагаме да подготвите супа од грашок збогатена со павлака за готвење. Ве делат само пет состојки и 20 минути од чинија полна со вкус.
Состојки:
- 1 голема главица кромид
- 1 лажица масло
- 1 лажица сув зеленчук
- 750 грама млад грашок
- 125 мл павлака за готвење
Подготовка:
Загрејте го маслото во големо тенџере, додајте го ситно исецканиот кромид и пржете го на тивок оган, повремено мешајќи. Додајте го сувиот зеленчуки и 1 литар вода. Зголемете ја јачината на огнот; штом супата зоврие, додајте го грашокот и варете 2–3 минути.
Тргнете од оган. Со рачен блендер изблендирајте ја супата, внимавајќи да не стане потполно мазна. Додајте ја павлаката и измешајте додека сè убаво се соедини. Послужете топло.
МИА
