Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Охрид домаќин на регионална конференција за буџетска стабилност, даночни приходи и неформална економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Охрид домаќин на регионална конференција за буџетска стабилност, даночни приходи и неформална економија
Агровести

Охрид домаќин на регионална конференција за буџетска стабилност, даночни приходи и неформална економија

Објавено 09/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високи претставници на влади, даночни администрации, финансиски институции, приватен сектор и регионални организации од денеска до петпк во Охрид ќе учествуваат на Регионалната конференција „Охрид 2026“, посветена на фискалната отпорност, буџетските приоритети, даночните приходи и борбата против неформалната економија во Западен Балкан. Конференцијата ја организира Балканскиот економски форум (БЕФ), под покровителство на Министерството за финансии, со поддршка на компанијата JTI.

Главната конференциска програма предвидено е да ја отвори министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе се осврне на предизвиците поврзани со зачувувањето на буџетската стабилност, зајакнувањето на јавните приходи и одговорот на економските притисоци со кои се соочуваат земјите од регионот.

Во фокусот на првиот панел ќе бидат влијанијата на економските движења во еврозоната врз јавните финансии и приватниот сектор во Западен Балкан. На дискусијата ќе учествуваат актуелни и поранешни министри, високи институционални претставници и претставници на бизнис-заедницата, кои ќе ги споделат своите искуства и гледишта за фискалната отпорност во регионот.

Вториот панел ќе биде посветен на даночните приходи, даночниот јаз и справувањето со неформалната економија, при што претставници на даночни институции од повеќе земји ќе разговараат за начините за подобрување на наплатата на приходите, зголемување на усогласеноста со даночните правила и приближување кон европските стандарди.

МИА

Може да ви се допадне

Делови од Кисела Вода без струја
Терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
(ВИДЕО) Фрлена овца во село Дулица направи хаос на семејство Гоцевски – им се заканува уништување на стадото, иако овцата не е нивна
ЦУК: Активни девет пожари на отворен простор, четири ставени под контрола
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Таг:економијаКонференцијаОхридприходистабилност
Претходен напис Терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
Следен напис Делови од Кисела Вода без струја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?