Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во Македонија
Агровести

Почнува првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во Македонија

Објавено 07/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонското еколошко друштво (МЕД) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) го започнаа првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во земјава, активност што ќе обезбеди попрецизни податоци за бројноста, распространетоста и генетската разновидност на овој строго заштитен вид.

Генетскиот мониторинг ќе ја опфати динарско-пиндската популација на кафеавата мечка, која се протега од Алпите до Егејското Море и брои околу 4.000 единки, што ја прави најголема популација на овој вид во Европа. Во Македонија истражувањето ќе се спроведува во западниот дел од државата, од Скопска Црна Гора и Шар Планина на север, до Пелистер, Ниџе и Кожуф на југ.

Целта е до крајот на 2026 година да бидат собрани околу 900 генетски примероци, а во процесот активно ќе бидат вклучени шумари, ловочувари, ренџери во заштитени подрачја, ловци, собирачи на шумски плодови и лековити растенија, како и планинари, велосипедисти и љубители на природата.

-Генетскиот мониторинг претставува неинвазивно собирање генетски примероци од материјал што животните го оставаат во околината. Кај мечката ќе се собираат примероци од измет, од кои потоа ќе се утврдува генотипот на секоја единка, како своевиден генетски отпечаток од прст – појаснува Александар Стојанов, координатор на проектот во Македонското еколошко друштво.

Според него, ваквиот пристап овозможува секоја единка да биде препознаена и следена низ времето, што ќе придонесе за попрецизни проценки на состојбата на популацијата.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање посочуваат дека генетскиот мониторинг ќе претставува основа за идно планирање и спроведување на мерките за заштита и управување со популацијата на кафеавата мечка.

Покрај утврдувањето на бројноста на видот, истражувањето ќе обезбеди и податоци за распространетоста и генетската разновидност на мечките, што ќе овозможи подобро разбирање на нивната екологија и подготовка на сеопфатна стратегија за зачувување на видот на ниво на Динарско-пиндскиот регион.

Во проектот, кој е кофинансиран преку програмата LIFE на Европската Унија, учествуваат 21 партнер од девет европски земји. Покрај научните истражувања, активностите ќе бидат насочени и кон развој на правни и управувачки механизми за заштита на живеалиштата на мечката, како и кон намалување на конфликтите меѓу човекот и дивиот вид, кои се сметаат за една од главните закани за неговиот опстанок.

Истражувањето се спроведува во рамки на петгодишниот меѓународен проект „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-пиндскиот масив“ (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear), кој има цел да придонесе кон долгорочна заштита на мечката во регионот.

МИА

Може да ви се допадне

Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат 400 милиони случаи на труење кај земјоделците
Хоџа на ZEPS 2026: Можност за учество на компании и производители од Северна Македонија
Активни пет пожари на отворен простор, 32 изгаснати во изминатото деноноќие
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Без струја денеска дел од корисниците во Сопиште и Ѓорче Петров
Таг:Македонијамечканационално
Претходен напис Запечени тестенини со пилешко и печурки
Следен напис Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат 400 милиони случаи на труење кај земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?