Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Запечени тестенини со пилешко и печурки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Запечени тестенини со пилешко и печурки
Магазин

Запечени тестенини со пилешко и печурки

Објавено 07/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Брз и лесен ручек или вечера, подеднакво е вкусно и топло и ладно. Јадењето е идеално бидејќи ги спојува прилогот и главното јадење во едно, освен едноставна свежа салата, не ви е потребно ништо друго.

         Состојки:

  • 500 грама тестенини по избор
  • 300 грама пилешко филе
  • 300 грама свежи шампињони
  • 300 мл павлака за готвење
  • 1 коцка пилешка супа
  • 1 голем домат
  • 1 црвен кромид
  • 200 грама сирење гауда
  • зачини по вкус
  • маслиново масло, сецкан магдонос

Подготовка:

Сварете ја тестенината во големо тенџере во зовриена посолена вода. Зачувајте 150 мл од водата во која се вареше тестенината. Исцедете ја тестенината и оставете ја настрана. Растворете една коцка пилешка супа во 200 мл зовриена вода. Исецкајте го пилешкото филе на мали коцки и маринирајте го со зачини по ваш избор.

Пропржете ситно сецкан кромид во тава во загреано маслиново масло, а потоа додадете го  пилешкото. Кога пилешкото ќе биде полуготово, додадете ги исецканите печурки. Откако печурките ќе ја испуштат вишокот течност, тргнете ја тавата од оган.

Ставете ја сварената тестенина во сад за печење, додадете ги пилешкото и печурките и нежно измешајте. Одозгора ставете сецкан свеж домат. Прелијте сè со павлака за готвење, зачуваната вода од тестенината и смесата со пилешка супа. Посипете со рендано сирење гауда и сецкан свеж магдонос. Печете на 180–200°C околу 30 минути. 

Послужување:

Исечете на парчиња, послужете топло со салата по избор и уживајте. Пријатно јадење! 

МИА

Може да ви се допадне

Домашен кечап
Песто од наут со стебленца од брокула
Пита со компири
Пилешко во сос од горгонзола
Која е врската меѓу депресијата, анксиозноста и босилекот?
Таг:Запечени тестенинипечуркипилешко
Претходен напис Хоџа на ZEPS 2026: Можност за учество на компании и производители од Северна Македонија
Следен напис Почнува првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?