Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Агровести

Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“

Објавено 04/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Започна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“,во рамки на која од денеска до недела во Кавадарци традиционално се реализираат бројни активности во чест на грозјето и виното.

Од локалната самоуправа соопштија дека и оваа година се дочекуваат сите гости кои ќе бидат дел од најголемата гроздоберска приказна во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. Оттаму споделија дека на трите бесплатни влеза во градот, денеска, утре и во недела, покрај информациите за паркирање и насочување, гостите ќе ги пречека и едно мало, но, автентично тиквешко изненадување.

– Пакетче со бело и црно грозје од „Кав комерц“ – Кавадарци, подготвено специјално за посетителите на фестивалот – како симболично „добредојде“ од градот кој живее со грозјето и виното. Со грбот на Општина Кавадарци и логото на „Тиквешки гроздобер 2026“, ова мало внимание носи голема порака – традицијата ја пречекува иднината, а Кавадарци ги пречекува своите гости со отворено срце. Очекуваме посетители од земјава и странство, да бидат дел од празникот што секоја година ја раскажува најубавата приказна за нашиот град – информираа од Општина Кавадарци.

Фестивалот на грозјето и виното започна со гроздоберска трпеза среде Кавадарци. На трпезата можеа да се вкусат грозје и маџун од гроздови зрна, како и кавадаречки пишии и сирење.

Покрај Гроздоберска трпеза, имаше и дефиле на Здружение на пензионери.

– Карневалското дефиле со учество на бројни карневалски групи од државава и светот, е утре попладне, а детскиот карневал, во недела – споделија од Општината.

На агендата денеска е и традиционалниот турнир „Сестри Китеви“ во спортската сала „Јасмин“, а во Вински музеј попладне ќе има прием на претставници од Европската федерација на карневалски градови.

Вечер во Музеј – галеријата, Куќа на мирис и вкус, ќе се одржат свечена академија и промоција на монографија, „50 години Музеј галерија – Кавадарци“.

Од Општината рекоа дека во рамките на фестивалот, ќе има и многубројни други интересни содржини.

МИА

Може да ви се допадне

Хеликоптери и „ер трактори“ даваат воздушна поддршка на пожарникарите во гаснење на пожарот кај село Грачани
Распоред за јавно отворање на понудите по јавните повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
(ВИДЕО) Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка
ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати
Таг:манифестацијастопанско-туристичкатаТиквешки гроздобер
Претходен напис Распоред за јавно отворање на понудите по јавните повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Следен напис Хеликоптери и „ер трактори“ даваат воздушна поддршка на пожарникарите во гаснење на пожарот кај село Грачани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?