Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
Агровести

ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“

Објавено 04/09/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бразил изрази „длабока загриженост“ на првиот ден од забраната за увоз на пилешко и говедско месо од страна на Европската Унија (ЕУ), која побара гаранции за усогласеност со нејзините санитарни правила. Европската комисија го обвини Бразил дека не обезбедил доволно гаранции дека неговите производи се во согласност со европските правила против злоупотреба на антибиотици во сточарството.

Бразил „цврсто очекува тековниот технички дијалог да овозможи брзо, објективно, транспарентно и научно засновано решение“, соопштија бразилските министерства за надворешни работи и за земјоделие. Тие се надеваат дека таквата одлука „соодветно ги признава гаранциите што ги дава земјата“.

ЕУ сака да ја покаже својата будност откако беше остро критикувана од земјоделскиот сектор и Франција за договорот за слободна трговија потпишан во јануари 2026 година со јужноамериканските земји од Меркосур: Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај. Бразил беше отстранет во мај од листата на земји што ги почитуваат правилата на ЕУ за интензивна употреба на антибиотици во сточарството, под притисок од секторот по потпишувањето на овој договор.

Во 2025 година, Бразил беше втор најголем извозник на говедско месо во ЕУ, со над 92.000 тони производи од говедско месо, што претставува над 713 милиони евра.

МИА

Може да ви се допадне

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати
АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат околу 11.000 смртни случаи кај земјоделците во светот
УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
Таг:Бразилбразилско месодлабока загриженостеуувозот
Претходен напис Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?