Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Агровести

Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско

Објавено 03/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Амзабегово, Светиниколско, каде се измерени 88 литри на метар квадратен. Следат Струмица со 50 л/м2, 29 Градско, 26 Кавадарци, Бовин, 23 Радовиш, 18 Коџалија, 13 Штип, 10 Берово, Ѓуриште, Демир Хисар, 9 Крушево, Водоча, 8 Демир Капија, Скопје – Петровец, Јасен, 7 Виница, 3 Тополчани, 2 Велес, Прилеп, 1 Битола, Скопје – Зајчев Рид.

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управата за хидрометеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведуваат од УХМР.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 34 степени.

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работниците во индустријата
Активни два пожара, три се под контрола, а 22 се изгаснати
Без вода дел од корисниците во Центар, а без струја корисниците на неколку улици во општините Илинден и Аеродром
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
Таг:АмзабеговоНајмногу дождСветиниколско
Претходен напис Намален бројот на работниците во индустријата
Следен напис Песто од наут со стебленца од брокула
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?