-Откупот на грозјето е започнат. Остваривме контакти со сите винарски визби, знаеме дека има проблем со вишок на вино но оваа Влада и овој министер имаат план за понатамошниот развој на лозарството и винарството – изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информира КТВ телевизија.
Оваа година се очекува 90-100 милиони килограми грозје, а Јанчев најавува дека денови ќе се интензивира откупот.
