Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Агровести

Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане

Објавено 01/09/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Опасноста од пожари останува и нивниот број е сѐ уште многу висок, тие ги исцрпуваат пожарникарите и сите што секојдневно учествуваат во нивното гаснење – изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 26  пожари на отворен простор, а во моментот тежок пожар има на територијата на општина Струга, во атарот на селата Локов и Буринец. 

– Се работи за шумски пожар, каде што пред гори неквалитетна шума, на некои места грмушки и трња, но постои опасност да навлезе и во квалитетна шума поради што разгледувавме можност за употреба на хеликоптер. Но во топлите часови од денот употребата на хеликоптерот е лимитирачка. Овде на самото место се упатени повеќе екипи на „Национални шуми“, кои се обидуваат да дојдат до попрецизни информации на кој начин овој пожар ќе биде ставен под контрола – информира Ангелов.

Тој посочи дека доцна синоќа имало драматична ситуација на територијата на општина Боговиње, во атарот на селата Урвич и Јеловјане, каде што огнот, кој се симнувал по папратот и сувата трева, на надморска височина од речиси 1.400 метри, се приближил кон селото Јеловјане. 

– Но, од страна на храбрите пожарникари од Тетово, од кои побарав да отидат да му помогнат на локалното население, огнот беше сопрен на самиот пат. Поддршка дадоа и повеќе жители од локалното население овде од двете загрозени села. Во овој момент состојбата таму е стабилна, огнот е ставен делумно под контрола и не загрозува ниедно населено место ниту, пак, е зафатена квалитетна шума – истакна директорот на ДЗС.

Вчера доцна попладне, додаде, избуванал пожар и на територијата на општина Штип, во атарот на село Селце, во близина на вештачкото езеро Мантово, во падините на планината Серта. 

– Во текот на ноќта и рано утрово штипските пожарникари, со поддршка на огнен тим на Дирекцијата за заштита и спасување, составен од доброволни пожарникари од Штип, работат на ставање под контрола на овој пожар. Рано утрово таму испративме и еден полициски хеликоптер, кој значително им помогна на пожарникарите да биде ставен под контрола еден крак од овој пожар. Очекувам во текот на денот да биде ставен под целосна контрола, а веднаш потоа и целосно изгаснат. Зафатена е претежно ниска вегетација: трева, трње, грмушки и друг тип на ниска вегетација, рече Ангелов.

Алепира до граѓаните да бидат внимателни, вегетацијата е многу сува и доволна е само една искра за вистинска катастрофа.

– За жал, и во текот на денешниот ден очекуваме појава на нови пожари, поради што повторно ја користам оваа прилика да апелирам до сите македонски граѓани, и покрај тоа што денес е 1 септември и започнува учебната година, опасноста од пожари сѐ уште не е намалена, сѐ уште е висока, поради што апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни. Вегетацијата е многу сува и доволна е само една искра за вистинска катастрофа, истакна Ангелов. 

МИА

Може да ви се допадне

ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Русија воведе дигитална рубља
Препораки на ИЈЗ за училиштата: „Здрави ученици – здрава иднина!“
ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, четири ставени под контрола
Без вода дел од корисниците во Карпош, а без струја дел од корисниците во Аеродром и Центар
Таг:ангеловБоговињеЈеловјанеЛоковСтрушко
Претходен напис УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
Следен напис Министерот Серафимовски и шведскиот амбасадор Солстром разговараа за унапредување на соработката во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?