Дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводна цевка.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 8:30 часот поради дефект на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“, спроти Заводот за вработување.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до целосно отстранување на дефектот.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов лоцирани спроти ресторант Рагуза, дел од корисниците од улицата Бранко Гапо како и дел од корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 17, општина Аеродром;
– во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од улицата 1732 во Градски Парк лоцирани кај тениското игралиште Југ, објектот на К.К Работнички, како и објектите на ресторантите Уранија, Маракана и Вршац, општина Центар.
