Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар
Агровести

РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Објавено 31/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 6,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 94 денари за литар, а „евросупер БС-98“ ќе се продава за 96 денари за литар. Цената на „евродизелот БС (Д-Е V)“ ќе изнесува 95 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 денар за килограм и ќе изнесува 44,410 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светскиот пазар во однос на претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,212 отсто, а кај дизелот има намалување за 8,237 отсто, кај екстра-лесното масло за 4,389 отсто и кај мазутот за 2,793 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во пресметковниот период е понизок за 0,5477 отсто во споредба со периодот кога беа формирани претходните цени.

Напоменуваат дека ова се максимални цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и мало може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. 

РКЕ

Може да ви се допадне

Над 180 учесници на седмиот Конгрес на еколозите на Македонија во Струга
Отворање на првиот Едукативно – технолошки центар за развој на пчеларството во Македонија
Дел од општина Центар без вода, а без струја дел од Ѓорче Петров и Кисела Вода
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, суви коловози
Отворен системот за пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип
Таг:6.5 денарибензинитеДизелот поевтинувапоскапуваатРКЕ
Претходен напис Пилешко во сос од горгонзола
Следен напис До крајот на денот сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд, локалното невреме поизразено в среда и четврток
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?