Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пожарот во прилепско Чаништа се движи во четири крака – гори и во Кичевско, Македонски Брод, Студеничани и Могила
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пожарот во прилепско Чаништа се движи во четири крака – гори и во Кичевско, Македонски Брод, Студеничани и Могила
Агровести

Пожарот во прилепско Чаништа се движи во четири крака – гори и во Кичевско, Македонски Брод, Студеничани и Могила

Објавено 20/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 37 пожари се регистрирани на територијата на државата во изминатото деноноќие, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот пресек, кој се однесува на состојбите со огнените стихии заклучно со 7:30 часот.

Активни пожари, според информациите, има пет, еден е ставен под контрола, додека останатите 31 се изгаснати.

Протипожарните екипи и понатаму се борат со огнетата стихија кај селото Чаниште, на територијата на општина Прилеп, каде пожарот се движи во четири крака – кон селата Крушевица и Лопатица, еден кон Црна Река, а огнот зафатил и крак кон селото Орле во општина Новаци. Гори претежно ниска вегетација, а во справувањето со стихијата се ангажирани екипи од повеќе противпожарни единици, како и тимови на Дирекацијата за заштита и спасување (ДЗС).

Како што инфомираше синоќа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, во гаснењето на овој пожар кој е најголем на територијата на државата оваа година, на помош ќе пристигнат и екипи од Неготино и скопската противпожарна бригада кои ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на селото Крушевица. Тој додаде дека првпат ова лето превентивно ќе бидат ангажирани припадници на Армијата, чијашто задача ќе биде да му помогнат на локалното население доколку огнот се приближи до селото.

Покрај овој, активни се и пожарите на териториите на општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во Студеничани гори мешана шума, додека во Македонски Брод кај местото Видуш, и селата Драгов Дол и Локвица од оган е зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

На територијата на Кичево, кај селото Тајмиште во местото викано Дарда од пожар е зафатена високостебелста букова шума, а кај селото Мојно во општина Могила гори ниска вегетација.

Пожарот кој пред неколку дена избувна на депонијата во Делчево, според Центарот за управување со кризи, е ставен под контрола.

Во изминатите 24 часа изгаснати се повеќе пожари на територијата на општина Сарај, како и на локации во Битола, Струмица, Велес, Охрид, Дебарца, Гевгелија, Кичево, Јагуновце, Тетово, Теарце, Гостивар, Куманово, Липково, Желино, Кочани, Струга, Зелениково, општина Арачиново и Крушево.

На повеќето места во овие општини горела, ниска вегетација, ѓубришта, напуштени ниви, мешана шума, грмушки и стрништа.

Може да ви се допадне

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 20.08.2026 година
МВР: Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
Времето денеска сончево и многу топло
(ВИДЕО) Сојузот на одгледувачи на овици на терен кај сточарите!
Кредитна линија за откуп на земјоделски производи – КФ
Таг:пожарприлепско
Претходен напис МВР: Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
Следен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 20.08.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?