Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Домашни јуфки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Домашни јуфки
Магазин

Домашни јуфки

Објавено 11/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Домашните јуфки се едни од оние традиционални тестенини што мирисаат на домашна кујна и се прават со многу љубов и трпение.

Овој рецепт е за поголема количина, идеален за да си направите залиха за цела сезона. Тестото е поцврсто и суво, па за месењето е потребно малку повеќе сила — но трудот навистина се исплати!

Состојки:

  • 5 кг бело брашно
  • 1 литар млеко
  • 30 јајца – по можност домашни
  • 5 лажици сол


Подготовка: 

Брашното ставете го во голем сад. Бидејќи количината е голема и тестото е прилично суво и тешко за месење, најдобро е да го подготвувате во два наврати. Во средината на брашното направете вдлабнатина. Јајцата кршете ги едно по едно па додавајте ги во средината на брашното. Додајте ја солта и млекото, па започнете со месење.

Тестото треба добро да се измеси и да стане компактно и мазно. Бидејќи е поцврсто, месењето бара малку повеќе сила и трпение. Кога тестото ќе биде добро измесено, оставете го во садот и покријте го со најлонска фолија и чиста крпа. Оставете го да одмори најмалку 30 минути. Тестото поминувајте го низ машина за тестенини. Најпрво поминете го на бр. 1, односно на најдебелата поставка. Добиените ленти оставете ги малку да се просушат. Можете да ги распоредите на решетка за сушење алишта или на друга подлога.

Потоа повторно поминете ги лентите низ машината, овојпат на бр. 3, и повторно оставете ги кратко да се просушат. На крај, поминете ги на бр. 5 и оставете ги уште еднаш да се просушат. Кога лентите ќе бидат доволно просушени, исечете ги на ленти-јуфки. Распоредете ги на чисти чаршафи или памучни крпи и оставете ги добро да се исушат. Внимавајте јуфките да не се залепат една за друга додека се сушат. Повремено размешајте ги и распоредете ги за рамномерно да се исушат.

Кога целосно ќе се исушат, соберете ги и чувајте ги на суво и проветрено место во платнена торбичка.

МИА

Може да ви се допадне

Мафини со вишни
Мекици
Hекои луѓе комарците ги касаат повеќе од другите – одговорот е во кожата
Истражување: Помалиот внес на протеини овозможува поздрав и подолг живот
Турлитава
Таг:домашнијуфки
Претходен напис И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце
Следен напис ЕЦБ и одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?