Турлитавата е едно од најомилените традиционални јадења од македонската кујна. Богата комбинација од сезонски зеленчук и сочно јунешко месо, приготвена во рерна, создава вкусен и хранлив оброк што е идеален за семеен ручек.
Потребни состојки:
- 3 компири
- 3 моркови
- 1 главица кромид
- 1 тиквичка
- 100 г бамја
- 100 г боранија
- 100 г грашок
- 1 пиперка
- пола китка магдонос
- 400 г јунешко месо
- сол по вкус
- вегета
- мелен црвен пипер
- мелен црн пипер
- 2–3 ловорови листови
- путер или масло
- 1 чаша вода (по желба може да се замени со бело вино)
Начин на подготовка:
Исчистете го и исечкајте го целиот зеленчук на покрупни парчиња, освен грашокот и бамјата. Во тава загрејте малку путер или масло и пропржете го јунешкото месо додека добие убава златно-кафеава боја. Додајте го ситно сечканиот кромид и кратко запржете го. Потоа, постепено додавајте ги морковите, компирите, грашокот, пиперката, бамјата, боранијата и тиквичката, мешајќи по секое додавање.
Зачинете со сол, сув зеленчук, мелен црвен пипер, мелен црн пипер и ловоров лист, па сè убаво измешајте. Префрлете ја смесата во огноотпорен сад, додајте уште малку путер или масло и прелијте со една чаша вода. По желба, наместо вода може да додадете бело вино за побогат вкус. Печете во загреана рерна на 180 °C околу 1 час.
Садот покријте го со алуминиумска фолија, а околу 15–20 минути пред крајот на печењето отстранете ја фолијата за јадењето убаво да се запече и да добие златна кора. Околу 10 минути пред крајот на печењето додајте ситно сечкан свеж магдонос или посипете го врз турлитавата веднаш по вадењето од рерна.
МИА
