Виното „Don Leo Gran Reserva“ 2013, произведено во Мексико, освои главна награда на меѓународниот натпревар CIDC (Concours International des Cabernets), на кој панелот на сомелиери и други вински стручњаци избира најдобро светско вино направено од каберне совињон.

Виното на винаријата Don Leo победи во конкуренција од 24 земји и зазеде прво место во натпреварот во кој претходно победувале вината од Франција, Австралија, Португалија и Швајцарија.
Сомелијерот Лоран Дере, член на жирито кое ја донесе одлуката токму на ова виното да му припадне големата награда на овогодишното натпреварување, вака го опишал победничкото вино:

– „ Прво се појавуваат ароми на рузмарин, нане, суво цвеќе и ниски медитерански растенија. Тука се и нотите на семките од овошјето и свежото овошје. Целокупниот мирис е многу комплексен и оди неколку чекори понатаму од познатите овошни ноти на каберне совињон и укажува на еволуција на аромата на оваа сорта. Виното е густо, интензивно и прекрасно кремасто. Рамнотежа му обезбедуваат цврстите и волшебни танини. Завршницата е многу долга, а во повратниот вкус повторно ги чувствуваме медитеранските растенија. Елегантно, интензивно и комплексно вино“.

Виното кое еден американски критичар го опишал како „искуство кое може да се спореди само со партија голф со Шон Конери“, создадено е во винарија основана пред само дваесет години“. Основачите на винаријата ја нарекле по својот дедо , германски евреин кој побегнал од Мексико 1936 година. Лозовите насади на оваа винарија се нааоѓаат на надморска височина од дури 2100 метри, на терен со совршена микро клима која обезбедува виоск квалитет на, мерло, малбек, каберне совињон и други сорти.
Извор: vinoifino
