Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски во интервју за Сител телевизија, соопшти дека ќе бидат продолжени на роковите за апликација и реализација на мерките од ИПАРД програмата.
Со самото прогласување на воредна состојба во Република Северна Македонија поради пандемијата од вирусот COVID 19, одредени апликанти за ИПАРД програмата не беа во можност да ја обезбедат потребната документација за аплицирање. Од д друга страна пак оние кои беа во фаза на реализација на своите ИПАРД проекти , а роковите за тоа им стекуваа за време на вонредната состојба, секако не по нивна вина не можеа да ги реализираат договорите. Ценејќи го сето тоа се донесе уредба со законска сила, со вожност додека трае вонредната состојба и дека штетните последици за корисниците на ИПАРД програмата беа сведени на минимум.
Со завршување на вонредната состојба, рокот за аплицирање за ИПАРД програмата продолжува и ќе има дополнителни 40 дена за да можат заинтересираните земјоделци да ги комплетираат своите апликации , а исто така по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат да течат и роковите кои беа замрзнати на 18 март за имплементација на договорите на тие корисници на ИПАРД програмата што до сега требаше да ги имаат завршено своите проекти.
Бабовски исто така соопшти сека исплатата на субвенциите се одвива онака као што беше прадвидено. Нагласи дека од моментот кога тој е директор на АФПЗРР па до денес , заедно со средставата од ИПАРД програмата, платежната агенција има исплатено сума од 448 милиони евра наменети за аграрниот сектор.
Најави дека во Агенцијата се при крај со проверките и дополнувањето на списоците за картичките за зелена нафта, па земјоделците ќе можат да ги користат веќе во текот месец јули.
Бабовски најави дека за неколку дена ќе биде отворен и ситемот за поднесување на барања за субвенции за 2020 година и испрати апел до сите земјоделците кои се во можност и имаат познавање од ИТ технологијата , барањата да ги поднесат електронски , односно од дома.

Sto treba da se prijavi za ovcite