Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Агровести

Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните

Објавено 20/07/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија.

Како што изјави заменик-министерот за економија Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, не е исклучено да се преземат соодветни мерки.

– На средбата ќе бидат презентирани анализите на Државниот пазарен инспекторат во однос на цените – како се движат цените на основните прехранбени производи, оние потребни за едно просечно македонско семејство. Направена е анализата длабински за повеќе месеци, ги имаме податоците, ќе бидат соопштени и ќе бидат дадени одредени препораки од страна на Министерството за економија и понатаму да се придржуваат со цел да го заштитиме сите животниот стандард. Меѓутоа, што конкретно ќе се дискутира и што ќе произлезе од оваа средба, ќе имаме информација по 15 часот – истакна Ристески одговорајќи на новинарски прашања по состанокот во Занаетчиската комора.

На прашањето дали очекува, поради растот на цените на горивата, да поскапат и другите производи, заменик-министерот нагласи дека Владата ја следи состојбата и е подготвена да се справи со сите предизвици.

– Живееме, за жал, во турбулентен период, има војна, нема војна. Непредвидлива е ситуацијата на Блискиот Исток. Ние како Влада сме исправени пред сите предизвици. Досега барем покажавме и докажавме дека сме навистина кадарни да се справуваме со вакви ситуации – светски економски кризи и енергетска криза како што е оваа, една од најголемите во последните четири-пет децении во целиот свет. И покрај зголемувањето на цените на енергентите, на нафтата и нафтените деривати, ние останавме како земја со најниска цена на нафтените деривати и нафтата, меѓутоа и најниска цена на основните прехранбени производи, а тоа го покажа и стапката на инфлација за претходниот месец. Сè што следува понатаму ќе го следиме. Денеска и премиерот најави од Велес дека ќе имаме вонредна седница на Владата за кризната состојба и кои мерки ќе бидат преземени за намалување на акцизите, соодветни мерки, кои нема да направат голем потрес во загрозување на животниот стандард на граѓаните, меѓутоа и нема да направат голем потрес во нормалното функционирање на стопанството и економијата во Македонија – рече Ристески.

Тој порача дека нема да се толерира некоректно однесување во однос на цените.

– Ако има непазарно однесување, енормни зголемувања на цените и т.н. воени профитери во вакви услови, кои сакаат да спечалат на грбот на граѓаните, имаме законски мерки, кои може да се употребат. Нема да толерираме некоректно однесување, пред сè, кон граѓаните. Главната цел и приоритет на оваа Влада е, да повторам, заштитата на животниот стандард на граѓаните. Тоа е приоритет на сите нас – потенцира Ристески.

Во врска со синдикалната минимална кошничка која излезе денеска, Ристески рече дека Владата многу не ја зама предвид како релевантна.

-Ние податоците од таа синдикална минимална кошничка многу не ги земаме за релевантни, бидејќи нам ни се релевантни податоците од Државниот завод за статистика и она што го прави Државниот пазарен инспекторат на терен. Затоа и формулираме наша кошничка која во наредниот период ќе биде промовирана. Од она што го имаме како Државен завод за статистика, инфлација 3-4 отсто или намалување на цените за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, можам да укажам дека имаме најниски цени и најмала инфлација во регионот и на Балканот и пошироко, а тоа е резултат на добрите мерки кои досега трезвено, аналитички и добро ги спроведува оваа Влада, почнувајќи од Министерството за економија и труд. Цело време внимаваме и имаме дијалог, разговор со производителите, дистрибутерите, со увозниците, со маркетите и во голем дел тие излегоа во пресрет на нашите барања. Доколку не ги поддржуваат нашите барања во интерес на граѓаните, тогаш ние имаме можност да употребиме други мерки. 

МИА

Може да ви се допадне

Безбедна е водата за пиење во Скопје
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Таг:дистрибутеритеРистески
Претходен напис Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Следен напис Безбедна е водата за пиење во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?