Минатата недела руралните жени со љубов и почит ја започнаа жетвата на планинскиот чај.

Ова не е обична берба – ова е вистинска акција за зачувување на природата и оживување на загрозените растителни видови од нашето поднебје. Со внимателно и одржливо собирање, тие не само што ја берат оваа лековита билка, туку активно придонесуваат за заштита на биодиверзитетот и традицијата на нашите планини.

Секоја рака што бере, секој корен што се чува – е чекор кон почиста иднина и посилни корени на нашиот крај.

Активноста е дел од Програмата #EUforPrespa, финансирана од EU Delegation to North Macedonia и имплементирана од UNDP MK во партнерство со CNVP North Macedonia
Проектот “Рурални Жени за одржлив развој на Преспа” е финансиран од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
Фејсбук статус на Рурални жени од Преспа
