Денес, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски, оствари работна посета на А.Д. Тутунски Комбинат Прилеп, при што одржа работна средба со генералниот директор Александар Алексовски и директорот на Погон Цигари, Игор Митрикески, информираат од ДИЗ.
На средбата се разговараше за тековните активности и работењето на Комбинатот, подготовките за претстојниот откуп на тутунот, предизвиците со кои се соочува секторот, како и за други прашања од заеднички интерес поврзани со тутунопроизводството и почитувањето на законските прописи.

Особен акцент беше ставен на потребата од навремена координација и соработка меѓу институциите и откупувачите, со цел обезбедување фер, транспарентен и законски спроведен процес на откуп, во интерес на тутунопроизводителите и сите учесници во секторот.
Државниот инспекторат за земјоделство останува целосно посветен на спроведување редовни инспекциски контроли за време на претстојниот откуп на тутунот, доследно спроведување на законските надлежности и заштита на правата и интересите на тутунопроизводителите.
Фејсбук статус на ДИЗ
