Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Агровести

АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите

Објавено 17/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) денеска во Битола го презентираше стручниот извештај од проектот CARBONICA, изработен од проф. д-р Миле Маркоски од Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје.

Во рамки на проектот беа анализирани 47 почвени примероци од 33 земјоделски парцели, со цел да се добијат релевантни податоци за состојбата на органската материја и потенцијалот за складирање јаглерод. Овие податоци се клучни за унапредување на одржливото земјоделско производство и за мерки за адаптација и ублажување на климатските промени. Извештајот ги сумира резултатите од анализите на содржината на органска материја хумус и органски јаглерод во земјоделските почви во повеќе региони во земјата. Испитувањата беа изведени во Акредитираната лабораторија за анализа на почва и ѓубрива при Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

Во изјава за медиумите, директорот на АПРЗ, Пеце Стојковски, истакна дека проектот CARBONICA е значаен чекор кон воведување на современи, научно засновани практики во македонското земјоделство.

-АПРЗ останува силен и посветен партнер на земјоделците во примената на практики кои ја подобруваат плодноста на почвите, ги зголемуваат приносите и го зачувуваат природното богатство. Резултатите од CARBONICA ни даваат конкретни препораки кои ќе им помогнат на земјоделците да ја зголемат продуктивноста и одржливоста на своите стопанства. Нашата цел е секој земјоделец да има пристап до стручна поддршка и препораки кои ќе придонесат за поконкурентно и поодржливо производство, нагласи Стојковски.

Според универзитетскиот професор Миле Маркоски, анализите покажале дека кај дел од парцелите постои добар потенцијал за складирање јаглерод, а кај други потребни се дополнителни мерки.

-Органската материја и органскиот јаглерод директно влијаат врз плодноста, водниот режим, микробиолошката активност и долгорочната продуктивност на земјоделските површини. Анализите покажуваат дека кај дел од парцелите постои добар потенцијал за складирање јаглерод, додека кај други се неопходни мерки како органско ѓубрење, минимална обработка на почвата и одржување на растителни остатоци, со цел постепено да се подобри нивната плодност и отпорност, посочи Маркоски.

Клучните наоди и препораки од експертите беа презентирани и пред активни земјоделци од пелагонискиот регион, а се насочени кон постепено подобрување на плодноста и отпорноста на почвите преку прилагодени агроеколошки практики.

Од АПРЗ информираа дека активностите поврзани со проектот ќе продолжат, вклучувајќи проширување на анализите, советодавна поддршка за земјоделците и промоција на практики кои придонесуваат за подобар квалитет на почвата и поодржливо управување со земјоделското земјиште.

МИА

Може да ви се допадне

Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
Африканската свинска чума се шири во Србија, еутаназирани над 27.000 свињи
Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври
Обвинителството покренува истрага, АХВ со вонредни контроли на водата во водоводот во Гостивар
Таг:анализаапрзБитолапочвите
Претходен напис Африканската свинска чума се шири во Србија, еутаназирани над 27.000 свињи
Следен напис АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?