Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Африканската свинска чума се шири во Србија, еутаназирани над 27.000 свињи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Африканската свинска чума се шири во Србија, еутаназирани над 27.000 свињи
Агровести

Африканската свинска чума се шири во Србија, еутаназирани над 27.000 свињи

Објавено 17/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Србија од почетокот на 2026 година еутаназирала повеќе од 27.000 свињи поради ширењето на африканската свинска чума, потврди српскиот министер за земјоделство Драган Гламочиќ.

Поради појавата на болеста, во Рума, Обреновац и Сремска Митровица е прогласена вонредна состојба, а властите најавуваат дека истата мерка наскоро би можела да биде воведена и во други општини.

Гламочиќ изјави дека најголем број жаришта се регистрирани на подрачјата на Сремскиот и Мачванскиот округ, како и на територијата на Белград, каде што има голем број одгледувачи на свињи. Тој предупреди дека проблем претставува и тоа што дел од одгледувачите ги пуштаат животните надвор од фармите, иако тоа е забрането.

Министерот најави засилени инспекциски контроли и построги казни, а од одгледувачите побара доследно да ги почитуваат биосигурносните мерки, да вршат редовна дезинфекција и веднаш да ги пријавуваат првите симптоми на болеста.

Поради актуелната состојба, во Владата на Србија за денеска е закажан кризен состанок, на кој ќе учествуваат претставници на повеќе институции, со цел да се усвојат нови мерки за спречување на натамошното ширење на африканската свинска чума.

Според официјалните податоци, заклучно со 9 јули, болеста е потврдена кај домашни свињи на 496 фарми во 18 општини и осум управни окрузи. На сопствениците на еутаназираните животни досега им се исплатени повеќе од 211.000 евра како обесштетување. објави Скопје1.мк

Може да ви се допадне

АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври
Обвинителството покренува истрага, АХВ со вонредни контроли на водата во водоводот во Гостивар
УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена
Хоџа: Жетвата на пченицата е во полн ек, досегашните резултати се охрабрувачки
Таг:Свинска чумасвињиСрбија
Претходен напис За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Следен напис АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?