Петтото јубилејно издание на „Фестивалот на жетвата Новаци 2026“ ќе се одржи на 17 и 18 јули 2026 година, а за годинашниот фестивал градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски вели:
-Овој фестивал е симбол на нашата традиција, земјоделска гордост и заедништво. И оваа година Новаци ќе биде место каде што ќе се слави плодната жетва, ќе се ужива во богата музичка програма, детски активности и незаборавна фестивалска атмосфера. Покрај тоа, оваа година фирмите учесници на фестивалот ќе доделуваат вредни награди за посетителите и додава:
-Ве очекуваме два дена 17 и 18 јули во Новаци, сполнети со музика, смеа, детска радост, традиција и незаборавни моменти за целото семејство. Дојдете заедно да го прославиме јубилејното издание на “Фестивалот на жетвата Новаци 2026“ и да ја споделиме радоста од богатата жетва и нашето заедништво.
Програма на фестивалот е:
17.07.2026 – ПЕТОК
• 20:00 ч. – Водени лудории со Кловнот Заги и Fantasy Lab за деца
• 20:45 ч. – Настап на играорната група „Везилка“ од Новаци
• 21:15 ч. – Свечено отворање на настанот и обраќање на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски
• 21:30 ч. – Музичка програма со Анета Љумаковска, Елена Велевска и Надица Петрова – стенд ап комедија
18.07.2026 – САБОТА
• 20:00 ч. – Водени лудории со Кловнот Заги и урнебесна забава на замоците на дување
• 21:00 ч. – Музичка програма со Група Фаворити, Татјана Стефановска и Благојче Стојановски Туше
• 22:30 ч. – Доделување на наградите за посетителите на фестивалот од наградната игра подготвена од изложувачите
• Свечено затворање на настанот и продолжување со музичката програма
