Во планот на Европа за 2020 година, претприемаштвото и самовработувањето се сметаат за пресудни за постигнување на паметен и одржлив раст на економијата. Со тоа се отвораат нови работни места, се поттикнува развој на вештините и им се дава шанса на невработените и на луѓето кои се во тешка финансиска ситуација за целосно закрепнување и активно учество во опшеството и стопанството.
Иако самиот поим подарзбира поголема автонмија и флексибилност на работните места, понекогаш луѓето кои тоа го работат можат најмногу да влијаат врз економските појави и процеси и тоа најчесто во лоши ситуации како што е на пример за време на пандемијата.
Според податоците на Eurostata, во Европската Унија во 2019 година , 18 милијарди луѓе (а тоа се 9 % од вкупниот број на вработени) на возраст од 20 до 64 години се одлучиле на самовработување. Една петтина од нив работат во земјоделството, шумарството, рибарството, а потоа следуваат трговците на мало и големо, автомеханичарите, градежниците и т.н
Најмногу самовработување има во Грција
Помеѓу земјите членки на Европската Унија, Грција се издвојува и забележува најголем број на граѓани кои се вработени на сопствена сметка и тоа 21% од вкупниот број на вработени во оваа земја. После неа следуваат Италија со 15 %, Полска и Романија со 14%.
Спротивно на тоа најниска вработеност од овој тип имаат Данска и Луксембург со 4 % , па следуваат Германија и Шведска со 5%.
Според податоците на Хрватскиот завод за вработување, оваа земја во 2019 година имала 15.069 самовработени , а од нив 8.723 се самовработиле во 2019 година. Со тоа земјата учествува со 0,08% во вкупното самовработување во ЕУ.
Извор: Агроклуб
