Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Агровести

Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени

Објавено 15/07/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната собраниска седница, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, одговори на пратенички прашања поврзани со безбедноста на храната и реализацијата на земјоделските субвенции.

Во однос на безбедноста на храната, Хоџа истакна дека надлежните институции продолжуваат со редовни контроли за гарантирање на безбедноста на храната, а сите мерки се преземаат согласно важечката законска регулатива, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување високи стандарди за квалитет.

Во однос на субвенциите, Хоџа информираше дека исплатите кои моментално се во тек на подготовка ќе започнат веднаш по усвојувањето на ребалансот на Буџетот, кој се наоѓа во собраниска процедура.

„Со ребалансот ќе се обезбедат средства за исплата на субвенциите за млеко, обележани говеда, пченица, другите житни култури, како и поледелските култури“, изјави Хоџа.

Тој информираше и дека Агенцијата е во завршна фаза на тестирање на новиот софтвер за поднесување барања за субвенции за 2026 година.

„За да не биде оштетен ниту еден земјоделец, рокот за аплицирање е продолжен до крајот на септември, а системот ќе биде отворен многу скоро, веднаш по завршувањето на финалните тестирања“, нагласи Хоџа.

Може да ви се допадне

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8, а „смедеревка“ 20 денари
EXPO 2027 Белград – можност за македонските компании да се претстават на глобалната бизнис сцена
Кинеската трговска размена достигна 3,75 трилиони долари во првите шест месеци од 2026 година
АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година
Таг:Албрим Хоџасубвенции
Претходен напис Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?