Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари
Агровести

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари

Објавено 13/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари.

Генерирани се 863.100 годишни даночни пријави, а од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за плаќање.

За таа цел, УЈП ги повикува сите физички лица кои сè уште немаат кориснички профил на е-Даночни услуги, веднаш да се регистрираат на https://e-ujp.ujp.gov.mk.

– Увидот во вашата пријава е ваше право и ваша одговорност — само преку системот можете да проверите дали имате обврска за доплата или побарување за поврат на данок, велат од УЈП.

Од вкупно 704.443 ГДП пријави, 26.653 пријави се потврдени лично од даночните обврзници, а 1.145 пријави се коригирани од нивна страна, по кои корекции службени лица во УЈП тековно одлучуваат. Останатите 676.645 пријави се потврдени службено од страна на УЈП.

– Овој податок укажува дека значителен број граѓани не извршиле увид и не ја потврдиле лично својата пријава. Иако службеното потврдување е законски предвидена можност, тоа значи дека даночниот обврзник не ги проверил податоците и не се произнел по нив. Пријавата генерирана од УЈП се темели на податоците доставени од исплатувачите. Доколку некои приходи не се евидентирани или се евидентирани погрешно, граѓанинот може да го забележи тоа, но само ако ја прегледа пријавата. Непроверената и службено потврдена пријава може да резултира со ненавремено откривање на грешки, неточни износи и дополнителни обврски, појаснува УЈП.

Поголемиот број пријави (313.519) покажува дека граѓаните имаат повеќе платен данок, додека 208.857 граѓани имаат обврска за доплата. Речиси 182.000 пријави покажуваат дека данокот бил пресметан и наплатен точно во текот на годината без потреба за доплата или поврат. Од обврзниците кои имаат повеќе платен данок, 617 обврзници искажале барање за враќање на повеќе платениот данок во износ од 32.397.022 денари.

МИА

Може да ви се допадне

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност
Во Грција запленети над два тона небезбедни млечни производи од Бугарија – биле превезувани со камион без ладилник
Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја, a без вода ќе бидат повеќе населби во Скопје
Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кај с.Владевци е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода
Основање на Кинеско – македонска стопанска комора
Таг:2025 годинагодишното оданочувањеграѓанитепријавени
Претходен напис Рижото со печурки
Следен напис Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?