Компанијата „Fresh Line“ е вистински лидер во организирање на Договорно производство по модел кој им одговара на земјоделците – добиваат семе или расад, стручен совет во текот на производството и обезбеден пласман по загарантирана цена.
После искуството со Договорното производство на бессемена лубеница и почетокот на Договорно на јапонско јаболко, нивната визија е регионален настап, односно организирање на земјоделци кои ќе произведуваат градинарски и овошни култури кои се барани на странските пазари.

-Веќе сме лоцирани во регионот на Росоман поточно во откупниот центар – Душан Ќириќ и сакаме да настапиме регионално со организирање и откуп на градинарски и овошни производи. Ќе обезбедиме сигурен пласман, а земјоделците ќе добијат семе на сорта која што се бара на пазарите. Исто така во текот на производството ќе им помагаме на земјоделците со стручни совети од агрономи и експерти кои ќе ги ангажираме во интерес на добивање на висок и квалитетен род – вели Борис Шуперлиски.

За визијата за развој на Договорното производство во регионот на Росоман зборуваат Борис Шуперлиски и Маријана Кнежевиќ Лазаревски од Fresh Line