Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Правилно кроење и калемење на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > (ВИДЕО) Правилно кроење и калемење на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО
Совети

(ВИДЕО) Правилно кроење и калемење на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО

Последна измена: 02/05/2025 19:08
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

„Персимон“, или јапонската јаболка, е деликатно овошје кое бара внимателна и редовна резидба за да се развие во здраво и родно дрво. Без правилно кроење, дрвото расте во височина, формира густа крошна, а плодовите се мали и нерамномерно распределени.

За правилен раст и контрола на формата, резидбата се врши два пати годишно – зимска и летна.

Зимската резидба, која се изведува во доцна зима или рана пролет – пред отворање на пупките – е основна. Таа служи за формирање и обликување на крошната. Се отстрануваат сите суви, оштетени и болни гранки, како и оние кои растат вертикално или се вкрстуваат. Целта е да се создаде отворена и ниска крошна, во облик на вазна или чинија, со 3 до 5 главни скелетни гранки. Овој облик овозможува продор на светлина до внатрешноста и полесна манипулација околу дрвото.

Секое сечење треба да биде извршено веднаш над пупка која е свртена нанадвор – на тој начин се стимулира растот на гранките кон периферијата на дрвото, а не кон внатрешноста.

Летната резидба, која се изведува кон крајот на јуни или во јули, има за цел да го одржи обликот и да го ограничи растот во висина. Се отстрануваат водопијки (вертикални, некорисни изданоци), предолги гранки и делови што премногу ја засенуваат крошната.

Благодарение на оваа двојна резидба, дрвото се одржува во оптимална форма, што овозможува поквалитетни и поголеми плодови, полесна берба, и значително намалување на ризик од болести и штетници.

Со правилна нега, крошната останува отворена, уредна и продуктивна – што е клучот за долгорочен успех во одгледувањето на персиммон.“

Калемење на Јапонско јаболко – подмладување и пресортирање на стари дрвја

„Кога старите дрвја од персиммон престануваат да даваат плод или не ја носат посакуваната сорта, калемењето е идеалниот начин за подмладување и обновување. Се применува неколку типа на калемење – најчесто на скелетни гранки, но и директно на стебло, особено кога целата крошна се отстранува.

Кај калемењето на скелетни гранки, најпрво се отстрануваат несоодветните делови од дрвото и се оставаат неколку здрави, јакни основи. На секоја од тие гранки може да се постават по два до три калеми, при што се внимава на добар камбијален контакт.

Се користи техника на калемење на сечење или на расцеп – зависно од дебелината на подлогата. Калемите се од годишни, здрави изданоци од посакуваната сорта, и се фиксираат со калемарска лента и восок.

Кога дрвото е преголемо, запуштено или сакате целосно да го смените сортиментот, се применува калемење директно на стебло. Во тој случај, целата крошна се сече неколку десетици сантиметри над земја, оставајќи чисто стебло. Потоа, на повеќе страни од стеблото се прават засечоци, во кои се вметнуваат 3 до 5 калеми, распоредени рамномерно околу обемот.

Контактот помеѓу камбијумот на калемот и подлогата е клучен. Површината се обезбедува со восок и се завиткува за заштита. Калемењето на стебло бара повеќе грижа – дрвото мора да се следи внимателно, да се заштити од суша и директно сонце, и да се спречи појава на водопијки.

Најдобар период за калемење е од крајот на март до средината на април, кога започнува движењето на соковите, но пупките сѐ уште не се развиени.

Првата година е критична – од секој калем се остава само еден најсилен изданок, а останатите се отстрануваат за да не се трошат ресурсите на дрвото.

Со ваков пристап, старите дрвја можат да бидат комплетно обновени за 2 до 3 години, и повторно да станат продуктивни, но со нова, квалитетна сорта. Калемењето не е само агротехничка мерка – тоа е вештина, традиција и начин да му се даде нов живот на нешто старо.“

Може да ви се допадне

Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Како да одгледувате зеленчук на балкон
Еве кога се откинуваат првите лисја кај доматите
Како да ги одржувате розите здрави?
Таг:гранкијапонско јаболкорезидба
Претходен напис Утре почнува да се гради новиот автопат Тетово-Гостивар, ќе чини над 3.5 милиони евра по километар
Следен напис На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?