Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Весна Јаневска од Росоман обезбеди сушара за овошје и зеленчук со државна поддршка за жени од рурални средини


Весна Јаневска од Росоман обезбеди сушара за овошје и зеленчук, со државна поддршка за жени од рурални средини. Таа појаснидека се работи за грант од 180 илјади денари кои ги добила преку мерка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-На повикот од 2019 година, 250 жени од рурални средини од целата држава добивме ваква финансиска поддршка, за поттик во нашата земјоделска работа. За набавка на опрема, механизација, со цел олеснување на нашата работа. Додадов свои 15 илјади денари и сушарата ја купив за 195 илјади денари. Таа е главно на сончева енергија, така што сушењето на овошје и зеленчук ќе биде еколошко и здраво, нагласи Јаневска.

Весна има 51 година. За себе рече дека целиот живот и е поврзан со земјоделството, а најинтензивно последните 18 години, кога се занимава со производство и преработка на овошје и зеленчук.

– Регистриран индивидуален земјоделец сум, а најново е што веќе основав занаетчиска фирма, за производство и преработка на традиционални земјоделски производи. Фамилијарно произведуваме овошје и зеленчук. Досега дел продававме во свежа состојба, а дел преработувавме. Отсега, дел и ќе сушиме во сушарата, вели Јаневска.

Таа рече дека на жените од росоманското здружение, ќе им биде овозможено исто така да ја користат оваа сушара.

-Имав бројни можности да оставам сѐ и да заминам по подобар живот во странство. Но решив да останам тука и да се борам за подобар живот на земјоделците и особено на жените земјоделки. Родена сум на село, ја милувам природата и решив тука да инвестирам и да ја одржувам традицијата на Тиквешијата, со цел нашите наследници да останат на семејното огниште, додаде Јаневска.

МИА

Окт 26, 2021agrotim3
Бугарските земјоделци со тритикале ќе подготвуваат квалитетна храна за животнитеСледува стабилно време, а од петок пораст на температурите

Напишете коментар Откажи одговор

26/10/2021 Рурален РазвојВесна јаневска3,404

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019