Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Трибина за Договорно производство на бессемена лубеница во четврток во Свети Николе


Во организација на АГРОТИМ, во четврток (23 февруари 2023 г.) во Свети Николе ќе се одржи трибина на тема – Договорно производство на бессемена лубеница и промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година.

Идејата за договорното производство на бессемена лубеница е на компанијата „Fresh line“ која ќе врши откуп на лубеницата по однапред утврдена цена од 10 денари за килограм. Оваа откупна цена ќе биде загарантирана со самиот договор, но може да биде и повисока зависно од моменталната цена на берзата во време на берба, велат од компанијата.

Исто така земјоделските производители ќе добиваат регрес семе, а ќе имаат и поддршка во едукација и други сугестии во текот на производството.

Се работи за производство на бессемена лубеница мини од 1-2,5 кг. и миди од 2,5-6 кг. Пласманот е обезбеден на странските пазари.

Ги покануваме сите заинтересирани земјоделци во Општинската сала во Свети Николе во 18.30 часот на средба на која директно од откупувачите ќе имаат можност да се запознаат со сите услови за соработка.

На трибината ќе бидат присутни и претставници од консултантската фирма Агротим кои ќе ги информираат земјоделските производители и за очекуваниот повик 10 000 евра и условите кои треба да се исполнат за да може да се аплицира за грант од 10 000 евра.

Очекуваме конструктивна и едукативна средба на која ќе се одговори на многу прашања и дилеми на земјоделците и многу други корисни информации на тема ИПАРД, мерките Млад земјоделец, Рурална жена и останати мерки на Владата.

Фев 21, 2023agrotim3
Бачовски во посета на фармата на Ангелови: Со поддршка од АФПЗРР до развој на фармите и генетскиот сточарски потенцијалМЗШВ: Усвоена програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година вредна 1,3 милијарди денари  

Напишете коментар Откажи одговор

21/02/2023 Агровестибессемена лубеница, свети николе989

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019