Средба на министерот Трипуновски со овоштарите во Ресен: Земјоделците ја поздравија програмата!

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски со тим од МЗШВ денеска беа на средба со јаболкопроизводителите во општина Ресен. -Разговаравме за новините во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Земјоделците ја поздравија програмата.Продолжуваме со политики креирани во директен дијалог со земјоделците за да имаме продуктивност, конкурентност и одржливо земјоделство, информира Трипуновски.