
Aко размислувате во каков агробизнис да инвестирате, ви предлагаме тоа да биде подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години.
СОКОТЕРА ДООЕЛ Битола, членка на Сокотаб Групацијата, е посветена на развивање на современа индустрија за одгледување на лешник во нашата земја. Сокотера нуди можност за соработка за одгледување на лешник, стручна помош и поддршка, гарантиран откуп на производот.
Во тек се четири огласи од МЗШВ за државна земја под концесија до 3 хектари, а деновиве се очекува се објави уште еден оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање, наменето за подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години.

Повеќе за СОКОТЕРА ДООЕЛ Битола: член на Сокотаб Групацијата, е компанија формирана во 2018 година. Посветена е на развивање на современа индустрија за одгледување на лешник во РС Македонија, со цел нашата земја да произведе квалитетни лешници од реномирани сорти произведени на одржлив начин, наменети главно за странските пазари.
Фокусот на Сокотера не е само развивање на сопствено производство и извоз на лешници, туку и на обезбедување на сите заинтересирани земјоделци и страни можност за производство на дополнителна или нова култура и генерирање на дополнителен извор на приход. И државата може да има полза од пласирањето на уште еден квалитетен производ на светскиот пазар.
СОКОТЕРА има свои овоштарници во с. Алинци и с. Костинци и е во процес на подигнување нови. Овие овоштарници ќе бидат модел за најдобри практики за современо и иновативно одгледување на лешници.
Современ комерцијален расадник веќе е подигнат во близина на Битола и е целосно функционален. Произведуваме сертифицирани садници со врвен квалитет од следниве сорти: Тонда Џентиле де Ланге, Тонда ди Џифони, Тонда Романа и Нокионе, за сопствена употреба, но и за потребите на сите други заинтересирани страни.

ПРИДОБИВКИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЛЕШНИК
- Лешникот е повеќегодишна култура која, ако се применуваат сите потребни и препорачани агротехнички мерки, има раст на принос од 4тата година натаму, се дури да достигне целосна зрелост на растението од 8 години. Животниот век на дрвото на лешникот може да е и преку 70 години.
- Производството на лешник дава можност фамилиите да имаат приход со децении.
- Сокотера обезбедува на нејзините фармери и партнери договор и гарантиран откуп.
- Сокотера обезбедува сертифицирани садници што ќе почнат да раѓаат плодови после 3-4 години.
- Тимот на експерти на Сокотера им обезбедува на фармерите насоки за производство на лешник и ќе им препорача најдобри практики во поглед на изборот на сорта на лешник за садење и препораки за најдобри практики за одгледување за да се обезбеди квалитетно производство.
ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ
Програмата ќе обезбеди поддршка за развој на овоштарници со лешници на локални земјоделци преку следново:
- Пренесување на знаење поврзано со агрономија и најдобри практики за одгледување на лешникови дрвја преку обуки, проекти за истражување и технички консултации.
- Продажба на сертифицирани садници од лешник со висок квалитет од најдобрите сорти за индустриска употреба на лешниците.
- Долгорочни договори за гарантиран откуп на произведените лешници со претходно дефиниран механизам за одредување на квалитетот на производот и следствено цената.
- Развивање на организациона рамка за собирање на лешниците и за пост-бербени активности што е важно за зачувување на квалитетот на произведениот лешник.
СОКОТЕРА исто така е посветена на истражување и развој во соработка со македонските институции и со еминентни меѓународни организации за обезбедување на најголеми ниво на помош на земјоделците и на нивното производство.
Сокотера, во барањето на стабилни и растечки светски пазари, неодамна склучи долгорочен договор за соработка со еден од најголемите откупувачи на лешници и производители на познати марки на кондиторски производи во светот.
Заедно со сите наши кооперанти се радуваме да станеме сериозен добавувач на македонски лешници на овие нови важни пазари.

Сокотера ДООЕЛ Битола · Драгожани · 7000 Битола – С. Македонија
Телефон: 047/212-480
Мобилен: 078/481-458
Мобилен: 071/308-272
E-mail: [email protected]
Напишете коментар